Your Cart

Имунитет - 2

Имунитет
Го правиме вашето купување да биде брзо и лесно. Бесплатна достава за нарачки над 1000 денари. Нарачки и информации на +389 70 230 727 ..
215.00Ден
Без данок:215.00Ден
MEGA MULTIVITAMINS е додаток на исхраната со витамини и минерали, кој е збогатен со комплекс од растителни екстракти и медицински печурки и е наменет за подобрување на нивото на енергија, одржување на метаболизмот и виталноста на организмот. Содржи мега дози на 12 витамини и 4 минерали; Збогатен со ..
450.00Ден
Без данок:450.00Ден
CHIATHERAPYПакување: 500мл,пластично пакување. Дозирање и начин напримена:  Напитокот може да се конзумираза освежување, подобрување на енергијата и хидрирање на организмот во било којпериод од денот. Најдобро да се конзумира ладен. Чиата е добар извор на растителни влакна, омега 3 масти и протеини...
80.00Ден
Без данок:80.00Ден
CHIA THERAPYПакување: 500мл, пластично пакување. Дозирање и начин на примена:  Напитокот може да се конзумира за освежување, подобрување на енергијата и хидрирање на организмот во било кој период од денот. Најдобро да се конзумира ладен. Чиата е добар извор на растителни влакна, омега 3 масти и прот..
80.00Ден
Без данок:80.00Ден
Прикажани 13 до 16 од 16 (2 страни)

Имунитет

Поучени од пандемијата со Корона, треба да разбереме дека имунитетот не може и не треба да го сфатиме здраво за готово. За ефикасна заштита од бактериите и вирусите, за спречување и добро справување со инфекциите предизвикани од страна на микробите треба постојано да одржуваме подготвен имунолошки систем. Консултанскиот тим од доктор и нутриционист во Натура Терапи ве советува како да ги изберете и применувате најдобрите додатоци на исхраната кои ќе го зајакнат вашиот имунитет.

Како функционира имунолошкиот систем и зошто е важно да се грижиме за него?

Имунолошкиот систем претставува  комбинација од специфични молекуларни компоненти, клетки и органи чија функција е заштита на организмот од патогени микроорганизми и надворешни влијанија и чистење на организмот од стари, оштетени или нефункционални клетки. Имунитетот може да биде вроден, а тој се темели на заштитни бариери/мембрани во телото и неспецифичен клеточен одговор кон микробите и стекнат, кој се развива во текот на животот и создава наменски, поефикасен целен одговор кон конкретен предизвикувач, бактерија или вирус. Од самото раѓање имунолошкиот систем доаѓа во контакт и ги запознава напаѓачите, така учи и се прилагодува, оспособувајки се да создаде брз одговор за најефикасно уништување на некој напаѓач, секогаш кога тоа е потребно. Но, ако клетките и органите кои се задолжени за таа функција редовно не ги добиваат сите потребни нутриенти, минерали, витамини, антиоксиданти и други, вашиот имунитет нема да се развива правилно и нема да го обезбеди потребното ниво на одбрана на организмот, што за последица ќе предизвика зачестени инфекции, болести и несакани компликации.

Витамини и минерали кои помагаат на здравите функции на имунолошкиот систем

Добриот имунитет бара многу квалитетна и разноврска исхрана, или земање на суплементи со кои на организмот ќе му ги обезбедиме нутриентите, пред се витамини и минерали кои се неопходни за извршување на имунолошката функција. Клучни елементи кои имаат критична важност за имунитетот се Витамините Ц, Д и минералот цинк:


  • Витамин Д - примарен имуномодулатор кој помага за подобра контрола и регулација на имунолошката функција (правилна функција, активирање и баланс на сите компоненти на имуниот систем). Недостатокот на витамин Д и кај децата и кај возрасните е сигурно причина слаб имунитет и поголема подложност и зачестена појава на инфекции и болести.

  • Витамин Ц - нутриент кој ја стимулира имуната фунција и има антиинфламаторно и антимикробно дејство. Тој ја подобрува продукцијата и функцијата на лимфоцитите и фагоцитите, имуни клетки кои помагаат да се спречат инфекциите, а витаминот Ц дополнително делува и како антиоксидант. 

  • Цинк - минерал кој е неопходен за правилен развој и функција на самите имуни клетки. Клучен е кај децата бидејки придонесува за правилен развој и фунција на тимусот, жлезда која игра важна улога во правилен развој на имунитетот. Цинкот има и антивирално дејство (помага да се спречи влегувањето и размножувањето на вирусите во клетките), како антиоксидантско дејство.

Освен нив, исто така значајни за имунолошката функција се и витаминот А, селенот, магнезиумот, а според некои нови сознанија, дури и железото и Б витамините.

Дополнително, не треба да се заборават и растителните екстракти, како на пример екстрактите од мајчина душичка, плод од црн бозел, ехинацеа, ѓумбир, мед, прополис, матичен млеч, оригано, жалфија, лук, црн бибер и други билки кои имаат долга народна традиција во употреба за јакнење на имунитетот и спречување и полесно справување со инфекциите и болестите, а во последните децении добија и научно докажана потврда.

Суплементи за јакнење на имунитетот

Ако сакате секогаш силен имунитет, секогаш спремен за одбрана на организмот тогаш ви препорачуваме да ги употребувате следните суплменти:

  1. VITAMIN C Complex - сируп кој содржи високи концентрации на 3те клучни нутриенти (2.000 мг витамин Ц, 2.000 И.Е витамин Д и 20мг цинк) неопходни за силен имунитет. Формула со одличен вкус, зајакната со цитрусни биофлавоноиди и акаи бери, како и пиперин, за подобрена апсорпција и расположливост на состојките, по најниска цена на пазарот.

  2. BRONCHO PROTECT - сируп со екстракти од кинески тегавец, црно семе, реиши, рузмарин, куркумин, цитрусни биофлавоноиди, витамин Ц и Д кој е формулиран да ја одржи добрата функција и да ги заштити органите за дишење. Посебно е ефикасен во намалување на воспаленијата, смирување на кашлицата и одржување на протокот на воздух при инфкциите на дишните патишта.

  3. ELDERBERYL Immune Syrup - течна формула која содржи екстракт од плод од бозел, цинк, прополис и витамин Ц и е наменет е пред се за ефикасна превенција  и брзо и лесно смирување на вирусните инфекции. Погоден е и за деца над 3 годишна возраст, проверен и одобрен и од страна на здружението на педијатри на Македонија.

  4. ALOE ROYAL - одлична кмбинација на матичен млеч и алое вера, збогатен со мед, прополис и екстракт од мајчина душичка. Производ кој ја подобрува имуната функција и ги спречува инфекциите, пред се бактериските инфекции на грлото и ждрелото, благодарение на антибактериското дејство на пчелините продукти и мајчината душичка.

  5. Витамин Д - таблети со 2.000 И.Е од витамин Д, како основа за сечиј имунитет. Најдобро е да се зема во континуитет во текот на целата есен и зима за да обезбеди подготвеност и правилна функција на имунолошкиот систем.

Како да одберете најдобриот додаток за јакнење на имунолошката функција за вас?

Прво, најважно е да одберете производ кој ќе ви ги обезбеди основните витамини и минерали. Потоа надградете се со избор на производ, најдобро во течна форма, сируп заради подобра апсорпција, кој дополнително ќе придонесе за поефикасна имунолошка функција и борба со предизвикувачите на инфекции. Секако земете во предвид каде е вашата слаба точка, кој дел од респираторниот систем сакате и треба најмногу да го зајакнете, носот, синусите и грлото, или на долните дишни патишта и белите дробови, или какво дејство ви е потребно, антибактериско, антивирално, имуностимулирачко, антитусивно против кашлица итн. Избирајте производи од компанија на која и верувате, производи кои ги знаат и едновремено ги препорачуваат и докторите.


Политика за колачиња
Нашиот сајт користи колачиња (cookies). Со продолжување на користење на сајтот или кликнување на “Во ред” се согласувате со користењето на колачињата и тоа: неопходни колачиња, претпочитани, статистички, маркетиншки, колачиња за перформанси и функционалност и колачиња од социјални медиуми. Некои од овие колачиња се поставени од надворешни провајдери (трети страни).