За Natura Therapy – Подобрување на здравјето на природен начин
Здравјето е нашето најголемо богатство. Денес, за да го зачуваме, потребна ни е посветеност и вистинска поддршка. И покрај напредокот на медицината и современиот начин на живот, зачестеноста на срцево-садови заболувања, рак, депресија, деменција, алергии, автоимуни заболувања, дебелина и други хронични состојби е поголема од кога било во историјата на човештвото, достигнувајќи ниво на глобална пандемија.
Natura Therapy е водечка компанија специјализирана за развој, производство и дистрибуција на висококвалитетни и иновативни природни додатоци во исхраната, создадени за подобрување и одржување на здравјето на човекот. Основана во 2019 година, Natura Therapy преку јасна стратегија и постојан развој создаде повеќе од 80 производи, воспоставувајќи бренд кој денес е синоним за доверба и квалитет на неколку европски пазари.
Нашата мисија
Нашата мисија е да им овозможиме на сите поединци, независно од надворешните фактори, генетското наследство и начинот на живот, да го достигнат најдоброто можно здравје и психофизички капацитет. Natura Therapy тоа го постигнува преку понуда на производи создадени со синергија од природата, исхраната, лековитите својства на билките и најсовремените научни и технолошки достигнувања.
Нашите вредности
Грижата за нашите корисници е во срцето на сè што правиме. Од разбирање на корените на здравствените проблеми, преку соодветно советување и едукација, до обезбедување на производи со докажана ефикасност и супериорен квалитет, Natura Therapy ги води клиентите на патот кон подобро здравје.
Нашите производи се развиени по оригинални формули, со уникатни состојки и синергетски ефект за поддршка на здравјето.
Нашиот тим - нашата најголема сила
Нашата најголема вредност е нашиот тим од експерти: нутриционисти, лекари, фармацевти, технолози и искусни професионалци во менаџментот, маркетингот и односите со јавноста. Тие се обединети од заедничката посветеност кон мисијата на компанијата.
Нашиот пристап и производствени стандарди
Natura Therapy располага со сопствена современа производствена база во градот Штип, сертифицирана со ISO 22000 (со HACCP) и GMP стандарти за квалитет и безбедност. Постојано вложуваме во најнови технологии и модерни производствени линии, обезбедувајќи производи од сите форми и типови. Користиме стандартизирани, патентирани и брендови состојки со загарантирано потекло, квалитет, безбедност и клиничка ефикасност.
Нашиот тим на лидери
- Џан Рамковски – Оперативен директор
- Сашко Дрвошански – Менаџер за развој на производи и обука
- д-р Анте Попоски – Менаџер за медицински и фармацевтски маркетинг
- Мервин Бислим – Менаџер за извоз
- Симона Ристевска – Менаџер на центар за продажба и корисничка поддршка
- Сибел Шабани – Менаџер за социјални медиуми
- Амел Амед – Менаџер за маркетинг и дизајн
- Сумеја Кока – Менаџер за продукција и односи со медиуми
- Кристина Перовска – Менаџер на мрежа од трговски центри
Со повеќе од 100 вработени, Natura Therapy секојдневно работи посветено кон исполнување на својата мисија – подобро здравје за сите преку силата на природата и науката.
Официјални податоци
Друштво за трговија, производство и услуги НАТУРА ТЕРАПИ ДОО Скопје
ЕДБ: MK4080019583862
Депонент банка: ПРОКРЕДИТ БАНКА АД Скопје
Адреса: Васил Стефановски бр. 5
Место: Скопје - Центар
Поплаки и рекламации
Доколку имате поплаки, прашања или сакате да поднесете рекламација, ве молиме контактирајте нè преку следните канали:
- Е-пошта: [email protected]
- Телефон: 071 305 955