
- Залиха: Во залиха
- Модел: COLLAGEN PEPTIDES - со вкус на чоколадо
COLLAGEN PEPTIDES - додаток на исхраната во прав со колагенски пептиди и витамин Ц, наменет за одржување на здравјето на кожата, зглобовите, мускулите и коските.
ü Говедски колаген тип 1, над 90% застапен во телото.
ü Хидролизирани колагенски пептиди за сигурна апсорпција и ефикасност.
ü Реномиран Француски бренд Peptan®.
ü Дури 9 гр колаген по доза.
ü Збогатен со витамин Ц, за оптимална синтеза на колагенот.
ü Не содржи ГМО, глутен и соја.
ü Брза и едноставна употреба, само еднаш на ден.
КАКО ДА СЕ КОРИСТИ
Измешајте 10 гр од правот во 250 мл течност (вода или млеко) еднаш на ден. Може да се додаде и на кафе, смуди или друг пијалок, протеински шејк, чиа пудинг или овесна каша и др.
Collagen Peptides може да се користи континуирано во период до 6 месеци, по што се препорачува пауза од 1 до 2 месеци.
СОСТОЈКИ
Колагенски Пептиди – Collagen Peptides содржи хидролизиран колаген од тип 1 од говедско потекло. Со процесот на хидролизирање се обезбедува разложување на многу комплексната колагенска молекула на кратки пептиди (кратки ланци кои содржат по 2 или 3 аминокиселини) кои немаат потреба од дополнителна дигестија во човечкото тело и се подготвени за апсорпција. Колагенот од тип 1 е еден од многуте видови колаген (над 28 различни вида) во човечкото тело. Тој е најзастапен и зафаќа над 90% од сите видови колаген и влегува во состав на кожата, косата, ноктите, коските, елементите на зглобовите (обвивката и лигаментите), обвивката на желудникот и цревата, обвивката на крвните садови и др. Се смета за најуниверзален вид на колаген и по својот аминокиселински состав телото може да го искористи и за обнова и на другите видови колаген.
Витамин Ц - неопходен е за повторна синтеза и со тоа и обнова на колагенот во човечкото тело, а дополнително како антиоксиданс помага и во спречување на оштетувањата на колагенот од страна на слободните радикали и оксидативните процеси предизвикани од сонцето и други штетни влијанија. Исто така, игра важна улога во заштитата од инфекции и одржување на имунитетот, заштитата од анемија и одржување на метаболизмот на железо и др.