
- Залиха: Во залиха
- Модел: Liver Detox (90cps)
ПРИРОДНО РЕШЕНИЕ ЗА ЕФИКАСНА ЗАШТИТА И ОДМАСТУВАЊЕ НА
ЦРНИОТ ДРОБ И ПОДДРШКА ЗА ДЕТОКСИКАЦИЈАТА
ü Уникатна
формула за заштита на црниот дроб од токсини и оштетување, и ослободување на
вишокот масти.
ü Синергија
на 5 активни состојки со оптимална концентрација.
ü Единствен
препарат со калциум-Д-глукорат на пазарот, неопходен за поддршка на
детоксикациските процеси во црниот дроб.
ü Економично
пакување со 90 капсули 100% природен состав, не содржи ГМО, глутен, соја, ни
млеко.
ü Одобрен
од страна на гастро-ентерохепатолозите.
Бенефити од употреба
Придонесува во одржување на нормалната функција и заштита
на црниот дроб од оштетување
Liver Detox
содржи Силимарин добиен од екстракт од млечен трн кој научно докажано помага да
се заштитат клетките во црниот дроб од оштетувањето кое мже да го направат
токсините и мастите.
Комбинацијата на состојки во препаратот придонесуваат да се
одржи нормалната функција на црниот дроб и да се спречи создавањето на
воспаление и стеатоза, замастување или фиброза (цироза) на ткивото. Значително
помага во заштита и одржување на функцијата на црниот дроб при состојби на
инфективен или хроничен хепатитис А, Б, Ц, стеатоза како и цироза.
Помага во одмастување на замастениот црн дроб
Со редовно земање на Liver Detox се обезбедува чистење на
клетките на црниот дроб од вишокот акумулирани масти и ослободување од
состојбата на замастување. Додека преку стимулација на секрецијата на жолчна
течност се помага елиминацијата на ослободените масти во дигестивниот систем и
нивно исфрлање надвор од телото.
При стеатоза или замастување на црниот дроб, со редовна
употреба се овозможува враќање на нормалната функција на црниот дроб во период
од неколку недели. Производот помага и во нормализација на вредностите и
функцијата на ензимите в црниот дроб.
Помага во подобрување на детоксикацијата на крвта и
целиот организам
Синергистичкото дејство на состојките во производот помагаат
да се подобри разградувањето и елиминацијата на токсините кои се внесуваат во
организмот со храната, кои се создаваат во самите метаболни процеси, помага за
навремено разградување на лековите и хормоните, со што придонесува да се одржи
детоксикацијата на крвта и да се заштитат другите органи во телото.
Помага во подобрување на дигестијата на масти и редовното
празнење на цревата
Liver Detox ја стимулира секрецијата на жолчка која е неопходна за
правилна и целосна дигестија и апсорпција на мастите. Тоа е важно за апсорпција
и на липосолубилните витамини, како витамините А, Д, Е и К, и апсорпција на
мастите како Омега 3, 6 или 9 кои се важни за здравјето.
Употребата на препаратот е посебно значајна за лицата без
жолчна ќеса кои имаат хроничен проблем со дигестијата и апсорпцијата на
мастите. Воедно жолчката има и лубрикантско дејство на цревата со што се
олеснува нивното празнење.
КАКО ДА СЕ КОРИСТИ
Се препорачува внес на 1 до 2 капсули на ден, со оброк. За
лица со замастување на црниот дроб се препорачува редовна употреба на 2 капсули
на ден, барем во период од 2 до 3 месеци.
Лица кои примаат терапија за хронични болести, лица со
хормонални дисбаланси или хронични состојби на црниот дроб се препорачува внес
на 1 до 2 капсули на ден подолг период, односно неколку пати во годината по 2-3
месеци во континуитет.
СОСТОЈКИ
Екстракт од млечен трн – Главната состојка во
екстрактот од млечниот трн Silybum marianum, Силимаринот со векови се користи
во народната медицина за лекување на црниот дроб. Денес голем број истражувања
и клинички студии ги потврдуваат позитивните ефекти на силимаринот, конкретно
потврдено е дека тој ја помага функцијата на црниот дроб, ги штитат неговите
клетки од оштетувања од алкохол, лекови и токсини, штити од развој на
воспаленија и создавање на фиброзно ткиво кое води цироза. Исто така, има и
антиоксидантско, антивоспалително и антивирално дејство и ја стимулира
секрецијата на жолчка за поефикасно елиминирање на токсините.
Екстракт од артичока - плодот од артичока
(Cynara scolymus) содржи активна состојка цинарин која исто така во научните
истражувања покажува здравствени придобивки кои се позитивни за функцијата на
црниот дроб. Конкретно цинаринот од артичоката ја помага секрецијата на жолчка,
ги штити клетките на црниот дроб од оштетување од страна на алкохолот и други
токсини, а посебно придонесува во намалување на нивоата на олово во црниот дроб
и крвта.Воедно помага и за подобрување на здравјето и функцијата на цревата и
регулација на нивото намасти во крвта.
Екстракт од глуварче – оваа билка со
препознатлив жолт цвет (Taraxacum officinale) има широка употреба во народната
медицина, посебно во лекување на болести на црниот дроб. Научната литература
преку клинички истражувања потврдува дека биоактивните состојки во оваа билка
имаат силно антиоксидантско дејство и помагаат да се намалат оштетувањата на
клетките на црниот дроб предизвикани од оксидативен стрес, кој се јавува при
состојбите на вирален, алкохолен и неалкохолен стеатохепатитис, а има и
антиинфламаторно и антидијабетично дејство.
Цикорија – цикоријата (Cichorium intybus Linn.)
е зеленчук e богат со растителни влакна инулин со што ја подобрува дигестијата
и празнењето на цревата и има препознатлив горчлив вкус, кој доаѓа од уникатни
состојки кои придонесуваат да се активира метаболизмот на црниот дроб, да се
подобри секрецијата на жолчна течност и да се стимулираат детоксикациските
процеси на разградување на токсините. Клинички истражувања потврдуваат дека
помага да се намалат вредностите на ензимите на црниот дроб АСТ и АЛТ.
Калциум-Д-Глукорат - Ова е сол на Глукуронската
киселина, елемент кој го создава црниот дроб и е клучен за непречена
реализација на процесите на глукоронизација (фаза 2 детоксикациски биохемиски
процеси во црниот дроб) кои овозможуваат липосолубилните токсини кои се потешки
за разградување и елиминација да се претворат во молекули растворливи во вода
кои лесно се екскретираат преку жолчната течност, во цревата и надвор од
организмот. Со тоа придонесува опасните липосолубилни токсини да се наталожат
во мозокот и масното ткиво. Исто така ја подобрува елиминацијата на
ксеноестрогените и естрогенот од телото спречувајки негово прекумерно влијание
кое може да доведе сериозно нарушување на здравјето.