Your Cart

PARA DETOX

ПАРА ДЕТОКС

ПАРА ДЕТОКС е храна со посебна медицинска намена за чистење и детоксикација на гастроинтестиналниот тракт и заштита од внатрешни паразити, црви и други штетни микроорганизми.

Состав: Екстракт од црн орев (Juglans Nigra), екстракт од пелин (Artemisia argyi H.Lév.&Vaniot), екстракт од млечен трн (Silybum marianum), екстракт од алое вера (Aloe Barbadensis), екстракт од каранфилче (Syzygium aromaticum), екстракт од црн лук (Allium sativum L.).
Придружни состојки: желатинска капсула.

Активни состојки во една капсула (670 mg)

Активна состојка Количина
Екстракт од црн орев (Juglans Nigra) 200 mg
Екстракт од пелин (Artemisia argyi H.Lév.&Vaniot) 100 mg
Екстракт од млечен трн (Silybum marianum) 100 mg
Екстракт од алое вера (Aloe Barbadensis) 50 mg
Екстракт од каранфилче (Syzygium aromaticum) 50 mg
Екстракт од црн лук (Allium sativum L.) 50 mg

Начин на употреба:

2 капсули, 15 минути по оброк.

Клучни придобивки:

PARA DETOX има уникатен состав на растителни екстракти кои имаат антипаразитско дејство – способност да ги уништат паразитите, како и антиинфламаторно и антимикробно дејство.

Редовниот внес на PARA DETOX:
- Овозможува уништување на паразитите присутни во дигестивниот систем, пред сѐ цревата, како и кожата и други органи.
- Спречува развој и колонизација на цревата со нови паразити.
- Ги елиминира чешањето и промените на кожата предизвикани од паразити.
- Ги елиминира мачнините, грчевите, болките и другите симптоми во стомакот и цревата, предизвикани од паразити.
- Помага во регулирање на столицата и нормалното празнење на цревата.
- Помага во зајакнување на имунитетот и заштита и од автоимуни болести.
- Производот има 100% природен состав и се препорачува и за превентивна употреба кај секој човек, 2 пати во годината – најдобро на есен и на пролет!

Дообјаснување:

Над 50% од возрасната популација е инфицирана со паразити, а најголем дел и не се ни свесни за тоа. Присуството на паразити е честа причина за:

- постојано чешање, појава на папиломи и други промени на кожата
- мачнини, болки и подуеност или грчеви во стомакот
- честа дијареа и промени во столицата без конкретна причина
- хронични болки во мускулите и зглобовите
- хроничен замор и недостаток на енергија
- слаба телесна тежина, необјаснето губење на тежината и неможност за покачување
- намален фокус, меморија и појава на деменција
- прекумерно јадење, забавен метаболизам и прекумерна тежина
- намален имунитет, чести инфекции на грло, синуси, кашлање и автоимуни болести

Паразитите се организми кои не се способни самостојно да живеат и бараат домаќин кој го колонизираат, се размножуваат и виреат. Поради слабиот имунолошки систем, многу лица имаат паразити со години и не можат да се ослободат од нив самостојно. Тие прават хронични воспаленија и хронични имунолошки реакции. Исто така, тие користат многу нутриенти кои ги внесуваме со храната и не стигаме да ги апсорбираме – ги „јадат“ место нас.

Паразитите најчесто влегуваат во вашето тело со внес на контаминирана вода или храна – особено недоволно сварено месо и друга храна од животинско потекло, живеење со миленици како кучиња или мачки, или едноставно поради лоша хигиена на рацете. Лесно можат да се пренесат и на другите членови на вашето семејство и на вашите деца. Тие можат да бидат микроорганизми, невидливи за човечкото око, но и видливи како црви, тении, карлежи, болви, вошки и др.

Политика за колачиња
Нашиот сајт користи колачиња (cookies). Со продолжување на користење на сајтот или кликнување на “Во ред” се согласувате со користењето на колачињата и тоа: неопходни колачиња, претпочитани, статистички, маркетиншки, колачиња за перформанси и функционалност и колачиња од социјални медиуми. Некои од овие колачиња се поставени од надворешни провајдери (трети страни).