Your Cart

IMMUNO BOOST - со вкус на капина, лимон и лимета

IMMUNO BOOST - со вкус на капина, лимон и лимета
IMMUNO BOOST - со вкус на капина, лимон и лимета
60.00Ден
Без данок: 60.00Ден
  • Залиха: Во залиха
  • Модел: IMMUNO BOOST

IMMUNO BOOST

IMMUNO BOOST е додаток на исхраната во вид на функционален напиток наменет за поддршка и зајакнување на имунитетот.
Immuno Boost ги содржи најважните витамини и минерали кои научно докажано придонесуваат за одржување и зајакнување на функцијата на имунолошкиот систем и обезбедуваат заштита од развојот на инфекции, настинка или грип.

Immuno Boost има фантастичен овошен вкус на мешавина од капина, лимон и лимета.

Едно пакување од 500мл содржи:
- 500мг витамин Ц
- 200 И.Е (5 мкг) витамин Д
- 8,4 мг цинк

Со редовна консумација на IMMUNO BOOST, покрај добрата хидратација и освежување на организмот, се обезбедува и јакнење на имунитетот и заштита на организмот од инфекции и болести.

Кои се неговите предности!

- Единствен 2 во 1 производ: додаток на исхраната (со мега дози) + напиток со одличен вкус за хидрирање и освежување на организмот.
- Оптимални вредности на секој елемент! Производот нуди оптимална/мега доза од нутриентите кои се клучни за одржување и зајакнување на имунитетот. Со 1 пакување обезбедувате 2000мг витамин Ц, 2000 ИЕ витамин Д и 20мг цинк.
- Како течност има подобра апсорпција во споредба со капсули или таблети.
- Освежителен вкус на мешавина од капина, лимон и лимета.
- 0 калории (без додаден шеќер, засладен само со стевија) – одличен за спортисти и лица кои внимаваат на тежината.
- Наједноставна и најекономична употреба – без аптеки, без заборавени таблети – само едно шише дневно ги обезбедува сите три клучни нутриенти по најниска цена!

Дополнително објаснување:

Витамин Д е примарен имуномодулатор и помага за подобра контрола и регулација на имунолошката функција – правилна функција, активирање и баланс на сите компоненти на имуниот систем.
Тој е клучен за одржување на имунитетот, за заштита од инфекции, контрола и смирување на алергиите и спречување на автоимуни болести.

Цинк е неопходен за правилен развој и функција на сите клетки од имуниот систем.
Има силно антивирално дејство – помага да се спречи влегувањето и размножувањето на вирусите во клетките и делува како антиоксидант против оштетувања на клетките.
Дополнително е потребен за:
- продукција на инсулин
- функцијата на тироидата
- коагулација на крвта
- нормална функција на сетилата за мирис и вкус

Витамин Ц го стимулира имунолошкиот систем, делува антиинфламаторно и антимикробно (антибактериски и антивирално).
Го поддржува создавањето и функцијата на лимфоцитите и фагоцитите – клетки кои ги уништуваат патогените.
Делува и како антиоксиданс, неопходен е за:
- синтеза на колаген
- здравје на сврзното ткиво (кожа, коски, крвни садови)
- апсорпција на железо
- зараснување на рани
Лица кои редовно вежбаат имаат зголемена потреба од витамин Ц поради оксидативен стрес од физичка активност.

Политика за колачиња
Нашиот сајт користи колачиња (cookies). Со продолжување на користење на сајтот или кликнување на “Во ред” се согласувате со користењето на колачињата и тоа: неопходни колачиња, претпочитани, статистички, маркетиншки, колачиња за перформанси и функционалност и колачиња од социјални медиуми. Некои од овие колачиња се поставени од надворешни провајдери (трети страни).