Your Cart

IMMUNO BOOST - со вкус на портокал и ананас

IMMUNO BOOST - со вкус на портокал и ананас
IMMUNO BOOST - со вкус на портокал и ананас
60.00Ден
Без данок: 60.00Ден
  • Залиха: Во залиха
  • Модел: IMMUNO BOOST

IMMUNO BOOST

IMMUNO BOOST е додаток на исхраната во вид на функционален напиток наменет за поддршка и зајакнување на имунитетот.
Immuno Boost ги содржи најважните витамини и минерали кои научно докажано придонесуваат за одржување и зајакнување на функцијата на имунолошкиот систем и обезбедуваат заштита од развојот на инфекции, настинка или грип.

Immuno Boost има фантастичен овошен вкус на мешавина од портокал и ананас.

Едно пакување од 500мл содржи:
- 500 мг витамин Ц
- 200 И.Е (5 мкг) витамин Д
- 8,4 мг цинк

Со редовна консумација на IMMUNO BOOST, покрај добрата хидратација и освежување на организмот, се обезбедува и јакнење на имунитетот и заштита на организмот од инфекции и болести.

Кои се неговите предности!

- Единствен 2 во 1 производ: додаток на исхраната (со мега дози) + напиток со одличен вкус за хидрирање и освежување на организмот.
- Оптимални вредности на секој елемент: производот нуди мега доза од нутриентите кои се клучни за одржување и зајакнување на имунитетот!
Со 1 пакување обезбедувате:
— 2000 мг витамин Ц
— 2000 ИЕ витамин Д
— 20 мг цинк
- Како течност, има подобра апсорпција во однос на капсули или таблети.
- Освежителен вкус на портокал и ананас.
- 0 калории (без додаден шеќер, засладен само со стевија) – одличен за спортисти и лица кои внимаваат на тежината.
- Наједноставна и најекономична употреба: наместо да купувате и внесувате засебни додатоци, со IMMUNO BOOST УЛТРА Вит Ц Комплекс ги внесувате сите 3 клучни нутриенти одеднаш, по најниска пазарна цена.

Дополнително објаснување:

Витаминот Д е примарен имуномодулатор и помага за подобра контрола и регулација на имунолошката функција – правилна функција, активирање и баланс на сите компоненти на имуниот систем.
Тој е клучен за одржување на имунитетот, за заштита од инфекции, како и за смирување на алергиите и спречување на автоимуни болести.

Цинкот е неопходен за правилен развој и функција на сите клетки од имуниот систем.
Има силно антивирално дејство – помага да се спречи влегувањето и размножувањето на вирусите во клетките, а делува и како антиоксиданс против оштетувања на клетките.
Дополнително е неопходен за:
- продукција на инсулин во панкреасот
- функцијата на тироидата
- коагулација на крвта
- нормална функција на сетилата за мирис и вкус

Витаминот Ц го стимулира имунолошкиот систем, делува антиинфламаторно и антимикробно (антибактериски и антивирално).
Го поддржува создавањето и функцијата на лимфоцитите и фагоцитите – имуни клетки кои помагаат да се спречат инфекциите.
Дополнително:
- Делува како антиоксиданс
- Неопходен е за синтеза на колагенот и здравјето на сврзното ткиво (во кожата, коските и крвните садови)
- Подобрува апсорпција на железото
- Помага при зараснување на рани
Лица кои се под физички напор имаат зголемени потреби од витамин Ц поради зголемен оксидативен стрес од вежбањето.

Политика за колачиња
Нашиот сајт користи колачиња (cookies). Со продолжување на користење на сајтот или кликнување на “Во ред” се согласувате со користењето на колачињата и тоа: неопходни колачиња, претпочитани, статистички, маркетиншки, колачиња за перформанси и функционалност и колачиња од социјални медиуми. Некои од овие колачиња се поставени од надворешни провајдери (трети страни).