Your Cart

Зглобови и коски - 1

Зглобови и коски
Curcumactiv (2+2)  500ml + подарок - препарат за смирување болки и воспаленија
-44 %
Го правиме вашето купување да биде брзо и лесно. Бесплатна достава за нарачки над 1000 денари. Нарачки и информации на +389 70 230 727 ..
1,990.00Ден 3,580.00Ден
Без данок:1,990.00Ден
Snail Complex (2+2)  + подарок - препарат за заштита на зглобови
-44 %
Го правиме вашето купување да биде брзо и лесно. Бесплатна достава за нарачки над 1000 денари. Нарачки и информации на +389 70 230 727 ..
1,990.00Ден 3,580.00Ден
Без данок:1,990.00Ден
Го правиме вашето купување да биде брзо и лесно. Бесплатна достава за нарачки над 1000 денари. Нарачки и информации на +389 70 230 727 ..
235.00Ден
Без данок:235.00Ден
Го правиме вашето купување да биде брзо и лесно. Бесплатна достава за нарачки над 1000 денари. Нарачки и информации на +389 70 230 727 ..
895.00Ден
Без данок:895.00Ден
КУРКУМИН екстракт e додаток на исхраната кој содржи 500 мг чист куркумин, екстракт од билката Куркума (Curcuma longa) со над 95% биоактивни куркуминоиди.Пакување: 30 капсули, пластично пакување.Дозирање и начин на употреба: се зема по 1 до 2 капсули во денот со вода по оброк...
325.00Ден
Без данок:325.00Ден
Течниот колаген претставува уникатен колагенски производ кој во секоја доза обезбедува 5.000 мг хидролизиран колаген тип 1, од најдобриот бренд Пептан® со клиничко докажано дејство, кој е збогатен со 520мг глукозамин и 5.2мг хијалуронска киселина. Ваквата уникатна комбинација на колагенот може да се..
450.00Ден
Без данок:450.00Ден
Течниот колаген претставува уникатен колагенски производ кој во секоја доза обезбедува 5.000 мг хидролизиран колаген тип 1, од најдобриот бренд Пептан® со клиничко докажано дејство, кој е збогатен со 520мг глукозамин и 5.2мг хијалуронска киселина. Ваквата уникатна комбинација на колагенот може да се..
895.00Ден
Без данок:895.00Ден
Прикажани 1 до 8 од 8 (1 страни)

Еден од најважните фактори за зачувување на доброто здравје, квалитетот и независноста во животот до длабока старост е одржување на функцијата и здравјето на скелетно-мускулниот систем во телото, пред се здравјето на зглобовите и коските. Со стареењето доаѓа до дегенеративни промени и хронечни воспаленија на зглобовите и коските што е причина за загуба на нивната функција и ограничување на движењето. Затоа потрудете се да ја зачувате или повратите функцијата на зглобовите и коските следејки ги дадениве препораки и совети за избор на вистинските препарати.

Заеднички проблеми со зглобовите и коските

Најчестите проблеми кои се јавуваат на коските и зглобовите се:

  • Артроза (артритис) кој претставува состојба на воспаление и оштетување на рскавицата која ги обложува коските, вообичаено пропратено и со воспаление на зглобната мембрана. Состојбата може да биде од механичка природа (механичко трошење и оштетување на рскавицата во зглобовите поради долгогодишен притисок), како основна форма или остеоартритис (најчесто на зглобот на коленото - гонартроза или колкот - коксартроза), или последица на имунолошка автоимуна реакција односно ревматоиден артритис. Без разлика на основата секоја форма на артритис се манифестира со силно воспаление, проследено со појава на оток и болка, намалена секреција на течност за подмачкување, вкочанетост и ограничено движење.

  • ГИХТ - ова е специфичен вид на артритис кој најчесто го напаѓа само зглобот на палецот на ногата. Како дел од самото воспаление, а последица на акумулирани високи нивоа на мочна киселина во крвта доаѓа до формирање на кристали кои го притискаат и оштетуваат мекото ткиво наоколу, што создава силна, неподнослива болка.

  • Остеопороза - остеопорозата представува состојба на намалена густина на коскеното ткиво што се јавува поради оштетување на колагенската структура во коските и недостаток на калциум и други минерали кои ја градат коската. Таквата коска е поподложна на кршење и дава слаба потпора на мускулите и држењето на скелетот.

  • Постојат и таканаречени дегенеративни промени на зглобовите и скелетниот систем, како што се појавата на остеофити, народски познати како шилци, искривувања на рбетниот столб (сколиоза, кифоза, лордоза и други), како и појава на комбинирани дегенеративно инфламаторни состојби како што се ишијасот, спондилоза, лумбаго и други, кои се јавуваат како последица на лоши држење, оштетување на склобната скруктура и оштетувања на нервите (пред се од рбетниот мозок) како последица на притисок од пршлените, коските или мускулите.


Придобивките од куркуминот

Сите видови на артритис и голем дел од проблемите со рбетниот столб се хронични воспалителни процеси кои се манифестираат со отоци и силни болки. Стандардните кортико или нестероидни антиинфламаторни препарати за смирување на болката кога се земаат на подолг рок м дадат силно оштетување на желудечната обвивка (гастритис) или оштетување на црниот дроб. Затоа и науката и граѓаните се почесто бараат природни антиинфламаторни состојки и препарати кое немаат несакани дејства. Од сите растителни екстракти во природата кои имаат покажано антиинфламаторно дејство далеку најсилен и нејефикасен е екстрактот од куркума - куркумин кој се користи за производство на природни антиинфламаторни препарати. Тој содржи уникатни соединенија куркуминоиди кои овозможуваат регулирање на воспалителните процеси преку директно блокирање на имунолошките реакции кои се одговорни за воспалението и активирање на антиинфламаторни  и антиоксидантски механизми за заштита на ткивото и смирување на болката и отокот. Затоа квалитетни концентрирани препарати со екстракт од куркума со добра апсорпција можат значително да помогнат во смирување на болката и воспалението.

Придобивките од екстрактот од полжав за зглобовите и коските

Благодарение на уникатниот состав на секретот што го лачат полжавите можат да го заштитат своето тело од острите карпи и рапавата површина по која се движат како и да го обноват својот оклоп доколку се оштети. Особено полжавите од Европскиот вид Хеликс во составот на својот слуз имаат колаген, хондроитин, глукозамин, хијауронска киселина, МСМ и Алантоин, елементи кои се природно присутни и неопходни за ткивото на зглобот и рскавицата, а денес се достапни и во природни препарати. Дополнително научни истражувања покажаа дека кај состојби на атритис или повреда на мускулното ткиво препарати со состојките во слузот од полжав помагаат здравите клетки во ткивото да дојдат на местото на оштетувањето и таму да помогнат во создавање на ново т.е обнова на рскавицата или оштетеното ткиво, со што се враќа функцијата и подвижноста на зглобот. Затоа препаратите со квалитетен екстракт од слуз од полжав им се вистинска помош на лицата со артритис.

За кого се неопходни додатоци во исхраната?

Додатоците на исхраната можат да обезбедат смирување на болките и воспаленијата, подобрување на квалитетот (густината) на коскеното ткиво и севкупно подобрување на функцијата на коските и зглобовите. Лицата кои ќе имаат бенефит од употребата на овие препарати се:

  • Лица со артритис (остеоартритис, гихт или ревматиден артритис),

  • Лица со искривување или повреда на рбетот, зглобовите или коските,

  • Лица со остеопороза (ли остеопенија - почетна фаза),

  • Лица со дегенеративни или инфламаторни состојби на рбетот како спондилоза, ишијас, дископатија или хернија,

  • Лица со повреди и воспаленија на мускулите и др.

Природни производи за намалување на болката и воспалението

Ако се мачите со хронични болки во зглобовите или коските тогаш побарајте природни препарати со куркума. Препаратите на Натура Терапи го користат Curcumin C3 Complex стандардизиран, патентиран екстракт од куркума, со најмалку 95%, 3 вида активни куркуминоиди. Во комбинација на Биоперин, исто така стандардизиран патентиран екстракт од црн бибер се овозможува 20 пати поголема апсорпција и посилно антивоспалително дејство на Куркуминот. Оваа добитна комбинација за ефикасно смирување на болките и воспаленијата е достапна на нашиот пазар единствено во производот Curcumactiv. Доколку покрај смирување на воспалението и болката, имате потреба да ја активирате и обновата на рскавицата, да го подобрите подмачкувањето и функцијата на зглобот побарајте Snail Complex, единствена комбинација на Curcumin C3 Complex, екстракт од босвелија, патентиран екстракт од слуз од полжав Nutrelix и витамин Ц, ефикасно решение за сите болни, отечени и вкочанети зглобови.


Политика за колачиња
Нашиот сајт користи колачиња (cookies). Со продолжување на користење на сајтот или кликнување на “Во ред” се согласувате со користењето на колачињата и тоа: неопходни колачиња, претпочитани, статистички, маркетиншки, колачиња за перформанси и функционалност и колачиња од социјални медиуми. Некои од овие колачиња се поставени од надворешни провајдери (трети страни).