G-2MRMW9SNMS
Мени
Your Cart

Mega Multivitamin 500ml- препарат за имунитет

Mega Multivitamin 500ml- препарат за имунитет
-45 %
Mega Multivitamin 500ml- препарат за имунитет
MEGA MULTIVITAMINS е додаток на исхраната со витамини и минерали, кој е збогатен со комплекс од растителни екстракти и медицински печурки и е наменет за подобрување на нивото на енергија, одржување на метаболизмот и виталноста на организмот. Содржи мега дози на 12 витамини и 4 минерали; Због..
495.00Ден
895.00Ден
Без данок: 495.00Ден
  • Залиха: Во залиха
  • Модел: Мега Мултивитамин

MEGA MULTIVITAMINS е додаток на исхраната со витамини и минерали, кој е збогатен со комплекс од растителни екстракти и медицински печурки и е наменет за подобрување на нивото на енергија, одржување на метаболизмот и виталноста на организмот.

  • Содржи мега дози на 12 витамини и 4 минерали;
  • Збогатен со 8 растителни екстракти од овошје и зеленчук и екстракти од 5 медицински печурки;
  • Уникатна течна формула со Piperin - екстракт од црн бибер, за полесна примена и подобрена апсорпција;
  • Одличен вкус;
  • Не содржи ГМО, млеко (лактоза), глутен, соја или други познати алергени;
  • Во пакување од 500 и 250мл (PET амбалажа);
  • Достапен во продажните центри на Natura Therapy и аптеките.

Дали и вие ги чувствувате последиците на стресот и брзото темпо на живот?

  • Постојано сте уморни и ви недостига енергија?
  • Имате слаба продуктивност и тешко се фокусирате?
  • Ви недостига сила да бидете физички активни?
  • Честопати сте болни или настинувате?
  • Се чувствувате безживотно и остарено?

Сите овие симптоми укажуваат на недоволна продукција на енергија во телото, слаб и нефункционален метаболизам. Доколку не ги обезбедиме и внесеме сите неопходни нутриенти во телото, не може да очекуваме дека ќе ја имаме енергијата и виталноста потребни за здрав и активен живот! Брзото и модерно темпо на живот со многу стрес го пореметува метаболизмот и наметнува лоша, неквалитетна исхрана која доведува до континуиран недостаток на клучни нутриенти неопходни за оптимална продукција на енергија и одржување на виталноста на организмот. [1, 2]

Ваквата состојба на долг рок го истрошува телото, го ослабнува организмот и доведува до развој на болести и предвремено стареење!

ЕФИКАСНО ПРИРОДНО РЕШЕНИЕ ЗА ОБНОВА НА ЕНЕРГИЈАТА, ВИТАЛНОСТА И МЛАДОСТА!

Зошто MEGA MULTIVITAMINS?

  • Помага во зголемување на енергијата и силата;
  • Придонесува за одржување на виталноста и младоста;
  • Помага во подобрување на крвната слика и заштитата од анемија;
  • Помага во одржување на здравјето и виталноста на органите;
  • Придонесува за одржување на имунитетот и отпорноста на организмот кон инфекции;
  • Ја стимулира детоксикацијата;
  • Ја подобрува концентрацијата и фокусот и когнитивните способност;
  • Ги одржува здрави срцето и крвните садови, црниот дроб, цревата и другите органи;
  • 100% природен, безбеден и без несакани ефекти и при продолжена употреба. [1, 3, 4]

Предности на MEGA MULTIVITAMINS

Денес огромни концентрации на токсични материи од средината, воздухот и храната влегуваат во нашето тело, ги оштетуваат клетките и го нарушуваат метаболизмот. Исто така, примената на модерни практики во земјоделството, како што се хибридизацијата, оранжериското одгледување, а најмногу од се употребата на пестициди и загадувањето на воздухот и водата за наводнување, се причина за уништување на хранливите материи во почвата што значително ја намалуваат концентрацијата на минерали и продукцијата на витамини и други микронутриенти, како на пример антиоксидансите во храната. [2]

Земејки ги во предвид овие факти, модерните услови за живот и анализирајки ја постоечката пазарна понуда го создадовме MEGA MULTIVITAMINS кој:

  • Содржи комбинација на 12 есенцијални витамини и 4 минерали;
  • Со појачани дози согласно актуелните потреби на живеењето;
  • Го збогативме со екстракти од зеленчук, овошје и медицински печурки;
  • За ефикасна и сеофатна подршка на здравјето, подобрување на енергијата и виталноста и спречување на предвременото стареење.

Состав:

Витамин А – е потребен за одржување на добар вид, раст, развој и диференцирање на клетките и телото, имуна функција и др.

Витамин D – овој витамин/хормон овозможува регулација на метаболизмот (апсорпцијата и искористувањето на калциумот и фосфорот), потребен е за здравјето на коските, функцијата на мускулите, регулација на имуната функција, балансирање на невротрансмитерите, однесувањето и др.

Витамин E – делува антиоксидативно (помага во неутрализирање и уништување на слободните радикали), ги штити клеточните мембрани, добар е за кожата, очите и имуна функција.

Витамин B1 – неопходен е за продукција на енергија и правилна функција на мускулното и нервното ткиво.

Витамин B2 – помага во генерална регулација на клеточниот метаболизмот, квалитетот и кислородниот капацитет на крвта, здравјето на очите, кожата и нервниот систем.

Витамин B3 – помага во регулација на нервниот систем и мозокот, кардиоваскуларниот систем, крвта и кожата.

Витамин B5 – потребен за продукцијата на невротрансмитери, хормони (работата на ендокриниот систем) и хемоглобин.

Витамин B6 – вклучен е во функцијата на нервите и мозокот, продукцијата на хемоглобин и антитела од страна на имуните клетки.

Витамин B7 – потребен за здрави нокти, кожа, коса и метаболизмот на мастите.

Витамин B9 – неопходен за развој на нервното ткиво и мозокот и клеточниот метаболизам во целина.

Витамин B12 – потребен за регулација на метаболизмот и продукцијата на енергија во целина, како и продукцијата на црвени крвни клетки.

Витамин C – антиоксидант, потребен за метаболизмот на железо, функцијата на имуните клетки и поддршка за растот и обновата на различни ткива (сврзно ткиво/колаген) во телото.

Магнезиум – основен електролит, влегува во состав и потребен е за функција на мускулното ткиво (релаксација на мускулни влакна), влегува во состав на коските, помага во пренос на електрични импулси, правилна срцева работа, релаксација на крвните садови, имунитетот и др.

Железо – влегува во состав на хемоглобинот (протеин кој го врзува и транспортира кислородот во крвта) и игра улога во продукцијата на енергија.

Селен – антиоксидант кој ги наутрализира слободните радикали, помага во справување со стрес, важен е за метаболизмот на тироидна жлезда (конверзија на Т4 во Т3) и др.

Хром – учествува во метаболизмот/искористувањето на мастите и јаглехидратите, ја подобрува ефикасноста на инсулинот и искористеноста на шеќерот од страна на клетките.

ДНЕВЕН ЗЕЛЕН МИКС - Екстракти од Спирулина (Arthrospira platensis), Зелен чај (Camellia Sinensis), коприва (Urtica dioica L.) и Алое Вера (екстракт 100:1) (Barbadensis Miller) – кои содржат уникатни, многу важни микронутриенти и антиоксиданти кои се клучни во правилната регулација на метаболизмот, смирување на воспаленијата и ефикасна детоксикација.

АНТИОКСИДАНТСКИ МИКС - Екстракти од Црно Гоџи (Black Goji Berry), калинка (Punica granatum L.), домат (Solanum lycopersicum) и Цитруси (плод)(Citrus L.) – полни со широк спектар моќни антиоксиданти кои го спречуваат оксидативниот стрес, главна причина за оштетување и старење на клетките, со што помагаат во одржување на младоста и виталноста на телото.

МЕДИЦИНСКИ ПЕЧУРКИ - Екстракт од Шитаке

(Lentinus edodes), Реиши (Ganoderma lucidum), Чага (Inonotus obliquus), Кордицепс (Cordyceps Sinensis) и Лавовска грива (Hericium erinaceus) – медицинските печурки со векови се користеле во традиционалната Азиска медицина за одржување на здравјето и долговечноста. Тие помагаат во регулација на стресот, опуштање на телото, правилната

имунолошка функција и заштитата од рак и одржување на здравјето и функцијата на кардиоваскуларниот,

нервниот систем, дигестивниот систем и црниот дроб.



Мери Златановска: После 2 недели користење на Мегамултивитаминс мене ми се врати енергијата, се почуствував многу подобро, многу повитално и имав желба дополнително да излегувам и да си ги извршувам сите мои обврски.

Ангел Ѓорѓиевски: Откако почнав да го користам Мегамултивитаминс многу се осеќам повитален, посвеж за работа, појак и поиздржлив.




Начин на употреба:

  • Употреба: 15 до 20мл, 1 до 2 пати на ден, по оброк.
  • Напомена: Производот е наменет за возрасни и деца над 15 години. Да не се надминува препорачаната дневна доза. Пред употреба да се промеша.
  • Безбеден е за долгорочна употреба.
  • Позитивни ефекти од употребата насирупот MEGAMULTIVITAMINS, во подобрување на енергијата и виталноста на организмот може да се почувствуваат по само една недела употреба.

Референци:

  • 1. Awuchi Godswill Godswill et al. Health Benefits of Micronutrients (Vitamins and Minerals) and their Associated Deficiency Diseases: A Systematic Review, International Journal of Food Sciences, 2020.
  • 2. Anne‐Marie Mayer, Historical changes in the mineral content of fruits and vegetables, British Food Journal, July 1997.
  • 3. Henry C Lukaski, Vitamin and mineral status: effects on physical performance, Nutrition, JUly-August 2004
  • 4. Charanjit Kaur, Harish C. Kapoor, Antioxidants in fruits and vegetables – the millennium’s health, Food Science + Technology, July 2008.

Политика за колачиња
Нашиот сајт користи колачиња (cookies). Со продолжување на користење на сајтот или кликнување на “Во ред” се согласувате со користењето на колачињата и тоа: неопходни колачиња, претпочитани, статистички, маркетиншки, колачиња за перформанси и функционалност и колачиња од социјални медиуми. Некои од овие колачиња се поставени од надворешни провајдери (трети страни).