Проблем со простата

Простатата е еден од органите кои најчесто предизвикуваат проблеми во машкото тело. Иако болестите на простатата најчесто се забележуваат по 50-тата година од животот, понекогаш може да предизвикаат проблеми и кај младите мажи.

Вообичаени проблеми со простатата кај мажите

Мажите се изложени на ризик од болести поврзани со простатата. Болестите кои се јавуваат на простатата понекогаш може да бидат несериозни состојби кои може да се лекуваат со лекови или понекогаш има посериозни проблеми како што е ракот. Некои од болестите кои влијаат на простатата се: Простатитис, Зголемување на простатата (Бенигна хиперплазија на простатата) и Рак на простата.

Симптоми и компликации

Симптомите на болестите на простатата може да варираат во зависност од видот и тежината на болеста. Вообичаени симптоми на болести на простатата генерално се: често мокрење, тешкотии со мокрење, крв во урината, слаб проток на урина, неможност за мокрење, уринарна инконтиненција, инфекции на уринарниот тракт и сексуални дисфункции.

Придобивки од користење на билки за проблеми со простатата

Можно е да се поддржи здравјето на простатата со некои билки. Подготвивме листа на билки кои се добри за простатата и можат да ви помогнат да го одржите здравјето на простатата.

Сао Палмето

Сао Палмето се добива од плодот на џуџеста палма и успешно се користи во лекувањето на бенигното зголемување на жлездата на простатата. Научно е докажано дека придонесува да се запре растот на ткивото на простатата и да се смири воспалението на жлездата на простатата, го подобрува протокот на урината и го регулира пореметениот метаболизам на тестостеронот.

Pygeum (африканска цреша)

Pygeum (африканска цреша) ефикасно помага да се одржи нормален уринарниот проток, за лесно и целосно празнење на мочниот меур, ги намалува растот и промените на простатата, го подобрува либидото и потентноста.

Коприва

Копривата е широко користена за поддршка на здравјето на простатата. Фитостеролите во неговата содржина го намалуваат воспалението во жлездата на простатата и го подобруваат протокот на урина.

Семе од тиква

Семките од тиква се богат извор на моќните амино киселини аланин, глицин и глутаминска киселина. Маслото содржано во семките од тиква е моќен диуретик. Содржи соединение наречено „кукурбитацин“ кое спречува конверзија на тестостерон. Во половина чаша семки од тиква има 8 mg цинк. И докажано е дека цинкот ја намалува простатата.

Бабин заб

Оваа билка е наречена “Машка билка” што говори дека првенствено е одлична за машкото здравје. Многу испитувања покажале дека Бабиниот заб е билка која стрикно делува на тестостеронот кај мажите, па со тоа ги подобрува квалитетите кај секој маж. Делува антисептички и диуретично а со самото тоа ги чисти уринарните патишта, кај инфекции на истите, простата и друго.

Мачкин чекор

Познато е дека билката мачкин чекор го зајакнува имунолошкиот систем и ги штити клетките на телото. Исто така, оваа билка е ефикасена во лекувањето на некои состојби на простатата, како што се простатитис и бенигна хиперплазија на простатата (БПХ) и често болните уринарни симптоми кои одат заедно со тие состојби.

Куркума

Куркумата го намалува туморот и го спречува неговото ширење. Се покажа дека е ефикасенa во превенција и третман на рак на простата, како и значително намалување на растот на туморот. Куркумата е храна која исто така има карактеристика да го спречува ширењето на коските на ракот на простата.

Комбинирање на билки за оптимално здравје на простатата

Комбинирањето на повеќе билки е добро бидејќи добиваме синергистичко дејство,  а тоа најлесно се постигнува кај  додатоците во исхраната  каде лесно се комбинираат повеќе екстракти. 

Додатоци во исхраната

Здравјето на простатата е состојба која директно влијае на општата здравствена состојба и квалитетот на животот. Вообичаено е простатата да се зголемува со возраста или простатата да заболува поради нездрав начин на живот. Во простатата може да се забележат бенигни или малигни туморски формации. Малигните тумори ги нарекуваме рак на простата. Здравјето на простатата можете да го поддржите со додатоци за исхрана. Додатоците за исхрана кои во себе содржат екстракти од нискорастечка палма (Saw Palmetto), калинка, коприва, семки од тиква, домат (ликопен), кора од Африканска цреша и цинк, состојки кои и во научните истражувања и клиничките студии имаат демонстрирано способност да ја подобрат функцијата и да го сочуваат здравјето на простатата. Кога станува збор за машкото здравје, стручниот нутриционистички и медицински тим од Натура Терапи ви го препорачува Prostatol Complex - уникатна синергистичка комбинација на сите овие екстракти кој ја покажа својата ефикасност кај илјадници задоволни клиенти.