Што е екстракт од полжав?

Екстрактот е всушност концентрат од слузта што ја создаваат полжавите со која го обложуваат своето тело и оклопот (кукичката) и служи за да го олесни движењето на телото на полжавот, во самиот оклоп, да ги поправи оштетувањата на оклопот и да го заштити телото од сувата, често рапава и груба површина по која се движи.

Нутритивен состав на екстракт од полжав

Суштински витамини и минерали

Екстрактот е полжав е богат со витамините А, Е, К и некои витамини од Б комплексот. Покрај тоа што е богат со витамини се богати и со минерали како што се омега 3, калциум, железо, калиум, фосфор, манган, цинк и други минерали кои се неопходни за коските, кожата и мускулите.

Богат со протеини и амино киселини

Тој претставува одличен извор на колаген, главен структурен протеин на сврзното ткиво, потоа алантоин, како и гликоаминогликани (содиненија кои содржат аминокиселини, како глукозамин, хондроитин и други и имаат важна улога за функцијата на сврзното ткиво, кожата, зглобовите и др.). Посебно е богат со есенцијалните амино киселини аргинин и лизин. Растот и поправката на клетките, ткивата и органите на нашето тело во голема мера зависи од овие есенцијални амино киселини. Протеините исто така помагаат во балансирањето на телесните течности, PH на телото и обновата на ткивата.

Антиоксинданси и други состојки

Екстрактот е богат и со антиоксиданти кои помагаат да се спречат оштетувањата на кожата, зглобовите предизвикани од страна на слободните радикали, токсините и воспаленијата, како и уникатни соеднинија кои имаат покажано и антибиотско дејство, односно способност да уништат патогени бактерии.

Здравствени придобивки од екстрактот од полжав

Промовирање на здравјето на кожата

Екстрактот од полжав има особено големи придобивки на здравјето на кожата. Тој помага во навлажнување на кожата, го поддржува производството на колаген, ја смирува чувствителноста на кожата, ги лекува раните и ја забрзува регенерацијата, се бори со дамките на кожата и е природен антиинфламатор и антиоксинданс. Токму затоа за подмладување на кожата и заштита од превремено стареење експертите се повеќе прпорачуваат употреба на козметика, креми, серуми или сапуни кои содржат екстракт од слуз од полжав.

Подобрување на здравјето на зглобовите и коските

Постојат најмногу научни сознанија и докази дека употрбата на слузта од полжав овозможува подобрување на здравјето и функцијата на зглобовите. Самиот состав, т.е присуството на колаген, глукозамин, хијалуронска киселина, хондроитин практично ги обезбедува сите структурни протеини и клучни состојки потребни за функција на сврзното ткиво и конкретно рскавицата во зглобовите. Сите овие состојки прават рскавицата полесно да се обновува, да има поголема отпорност кон механички оштетувања и да ја чува водата потребна за непречено лизгање на коските, без триење, напор и болки. Истражувањата покажуваат дека алантоинот во слузот од полжав ги активира и клетките во рскавицата да создаваат нова рскавица за побрза обнова на оштетеното ткиво при состојби како остео или ревматоиден артритис. За вакви состојби најлесно може да се внесе во вид на капсули или таблети кои содржат концентрирана форма на овие состојки.

Зајакнување на имунолошкиот систем

Состојките oxime-methoxy-phenyl и 10-methylnonadecane имаат антибиотки или антимикробни својства и можат да помогнат во спречување на развојот на инфекции предизвикани од страна на бактерии. Исто така, антиоксидансите во екстрактот помагаат да се спречат оштетувањата на клетките и ткивата  при инфекција и воспаление.

Приодбивки за кардиоваскуларниот систем

Уникатниот состав на екстрактот може да придонесе и за одржување и подобување на здравјето на крвните садови, пред се во подобрување на еластичноста на артериите и нивна заштита, со што се придонесува за одржување на крвниот притисок и добра циркулација на крвта.

Заздравување и поправка на рани

Една од примарните функции на слузот е да ги поправа покнатините и оштетувањата што се случуваат со неговиот оклоп. По истиот принцип тој помага во заздравување на раните и кај човекот. Конкретно, тој ја стимулира активноста на фибробластите со што се овозможува полесно создавање на протеински нишки кои ја покриваат, заштитуваат и затвараат раната, спречувајки лез на бактерии. Со  тоа се стимулира и создавањет на нови клетки под раничката за побрз аобнова на оштетената кожа.

Поддршка на распираторното здравје

Гликоамино гликаните како глукозаминот и хијалуронската киселина, во оставот на екстрактот од полжав придонесуваат да се одржи функцијата на заштната бариера - слузокожата која ги обложува дишните патишта. Со тоа се спречува појавата на воспаление што доведува до создавање на секрет и затварање на дичните канали и се одржува нормалниот проток и снабдувањето на белите дробови со кислород. 

Потенцијални антиканцерогени ефекти 

Постојат истражувања кои покажуваат дека специфични состојки во слузот од полжав имаат антиоксидантско и антиканцерогено дејство и можат да помогнат во превенцијата од појавата на колоректален рак и рак на црниот дроб.