Потеклото и историјата на циметот како зачин?

Историјата на циметот, еден од најстарите зачини во историјата на човештвото, датира од 3000 година п.н.е. Овој зачин со интензивен вкус, топла, и примамлива слатка арома се добива од кората на дрвото Цимет (или правилно Цејлонски цимет), латински Cinnamomum verum бил меѓу највредните и најскапите зачини во Европа од 16 до 18 век. Потекнува од терториите на државите Шри Ланка (по старо Цејлон), Индонезија и Индија, а со големите трговски рути, преку источна Африка (Египет), бил донесен и предмет на голема трговија и во Европа.

Науката за моќта на цимет за слабеење

Циметот може да помогне да слабеете брзо и лесно да изгубите на тежината. Тој има  термоген ефект а влијае и на самата дигестија на јаглехидратите и тоа на барем 2 различни начини, со што научно докажано помага во слабеењето и регулирањето на тежината.


Ефектот на циметот врз телото

Помага да се зголеми телесната температура и да се забрза метаболизмот, благодарение на оваа компонента, согорувате масти многу побрзо, што ви овозможува полесно слабеење. Воедно науката потврдува дека го успорува ензимот амилаза во цревата, со кој се успорува дигестијата на јаглехидратите, поради што се намалува апсорпцијата и внесот на калории од шеќерите. Поради високата содржина на влакна, тој го зголемува чувството на ситост и ја успорува дигестијата на шеќерите со што исто така помага да се контролира калорискиот внес потребен за ефикасно слабеење. Дополнително тој содржи биоактивни материи со кои се бори со инфекции предизвикани од бактерии, вируси, габи и паразити во телото, го зајакнува имунолошкиот систем и му помага на телото посилно да се бори против болестите.

Студии за ефикасноста на циметот

Постојат стотици студии правени со кои се испитувани и потврдувани неговите здравствени придобивки, како антиоксидантско, антивоспалително, антимикробно и други дејства, но најмногу студии се однесуваат на контролата на метаболизмот на шеќер во телото и со тоа дејството и врз процесот на слабеење. Во Август 2022 во списанието Journal of food biochemistry (достапно во Pub Med бибилиотеката https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/35365881/#:~:text=The%20pooled%20effects%20of%207,in%20comparison%20to%20control%20group.) беше публикуван труд  кој претставува истражување кое донесува збирен резултат од 7 мета анализи на студии, кој потврдува дека суплементацијата со цимет значајно го подобрува слабеењето, конкретно помага во намалување на тежината и индексот на телесната тежина (BMI).

Улогата на циметот во регулирањето на нивото на шеќер во крвта

Тесно поврзана со слабеењето е и улогата на циметот во намалување на нивото на шеќер во крвта. Одредени истражувањата наведуваат дека тој може да го намали нивото на шеќерот во крвта на гладно за дури 29%. Тој придонесува шеќерот - гликозата многу полесно и побрзо да се внесе во клетките, пред се во мускулите каде ќе се искористи за енергија и нивна работа. Брзата дистрибуција на шеќерот, преку подобрување на инсулинската чувствителност (ја подобрува врската на инсулинот со рецепторите), значи намалување на шеќерот во циркулацијата, а токму овој антидијабетичен ефект е исклучително важен за лицата со дијабетес.  Со тоа помага и во слабеењето на лицата со дијабетес бидејки тие треба да внимаваат на нивнат тежина заради одржување на здравјето на црцето и крвните садови.  Исто така, има и силно антиоксидативно дејство со кое помага да се спречат слободните редикали на шеќерот и другите токсини да ги оштетуваат крвните садови кај дијабетичарите.

Забрзување на метаболизмот со цимет

Забрзувањето на метаболизмот се должи на подобрување на инсулинската чувствителност, односно брзото полнење на мускулите со гликоза која во нив согорува најбрзо и најефикасно. Тоа значи трошење на калориите, особено при активна работа и вежбање и создавање на калориски дефицит, што е неопходен за процесот на слабеење.

Цимет и согорување маснотии

Познат по своите антиинфламаторни, антиоксидантни и антидијабетични својства, циметот го поддржува согорувањето на мастите, што помага во управувањето со тежината. Исто така е ефикасен во намалувањето на нивото на холестерол и триглицериди во крвта, помагајќи да се намали акумулацијата на маснотии во телото што секако е важно за слабеењето.

Додавање цимет во вашата исхрана

Додавањето на овој зачин во вашата исхрана не само што значително го подобрува вкусот на јадењетого туку носи и многу здравствени придобивки. Кај нас најчесто се користи како додаток и зачин на слатките јадења, но во источната и Азиската Кујна како зачин за подготовката на многу различно солени јадења, салати и супи.




Додатоци во исхраната со цимет за слабеење

Користење на додатоци во исхраната за слабеење може да помогнат и да го олеснат процесот на губење на тежината. Како додаток најчесто се користи во форма на капсули, а може да се комбинира и со други екстракти со сличен метаболен ефект, како се екстракт од јаболков оцет во прав, екстракт од цимет, екстракт од зелено кафе и Глукоманан, комбинација која се среќава во сетот продукти Slim Complex и Slim Fiber, каде делувва синергистички за уште поголем ефект во слабеењето и контрола на тежината.

Чај од цимет

Вкусен ароматичен топол напиток кој ќе ве загрее и релаксира, а воедно и ќе му помогне на здравјето и на слабеењето. Богат е со магнезиум, калциум, железо, А и Б витамини. Помага во зајакнувањето на имунолошкиот систем, делува и антиспетички, а може да помогне во намалување на болката и надуеноста во стомакот.

Рецепти со цимет

За вас составивме 3 лесни и вкусни рецепти кои ќе ја минимизираат вашата желба за шеќер и може да ви помогнат во слабеењето.


1. Рецепт за ароматичен зелен чај

Зелениот чај е многу корисен за здравјето, а подготвен со цимет, го балансира шеќерот во крвта и го забрзува метаболизмот. Состојки: 1 стапче цимет, 4-5 кришки јаболко, 2 парчиња лимон, 1 кесичка или 1 лажичка зелен чај, 3-4 ливчиња нане по избор. Со топла вода сварете го зелениот чај, стапчето цимет, листовите нане и парчињата лимон, а потоа додадете го јаболкото. По 2-3 минути процедете го чајот, а по желба можете да послужите и со мраз.


2. Кафе со цимет 

Кафето го забрзува метаболизмот поради кофеинот и помага во топење на мастите, а подготвено на овој начин ќе ви ја ублажи желбата за шеќер и ќе ве направи поенергични во текот на денот. Состојки: млеко, стапче од цимет, кафе. За најголем ефект треба да го подготвите млекото претходната вечер. Додадете го стапчето во млекото и оставете да зоврие на тивок оган. Откако ќе зоврие, тргнете го тенџерето од шпоретот и оставете го да отстои до утрото. Наутро, можете повторно да се загреете додавајки една лажичка инстант кафе.


3. Смути со јаболко цимет

Рецептите за смути дури може да се претпочитаат наместо оброци, особено во лето. Ако ви се допаѓа дуото јаболко и цимет, овој здрав рецепт кој ќе го балансира шеќерот во крвта е за вас! Состојки: 1,5 шолји млеко, 1 средно јаболко, 1/2 чаша бадеми, ¼ лажичка цимет, 1 лажица јогурт, 1 лажичка мед. Откако ќе ги излупите јаболката и ќе ги поделите на четири дела, поминете ги низ блендерот со останатите состојки и уживајте во ароматично и хранливо смути.

Потенцијални несакани ефекти

Внесен во поголеми количини, може да предизвика несакани ефекти кај трудниците (несакани контракции), додека за останатата популација е безбеден за слободна употреба. Лицата со дијабетес или оние кои се склони кон хипогликемија (ниски нивоа на гликозата во крвта) исто така треба да го конзумираат внимателно со цел да спречат нагло и прекумерно паѓање на шеќерот. Тој може да има и ефект на умерено разредување на крвта и затоа лицата со антикоагулантска терапија е добро да ги следат упатставата на терапијата која ја земаат да видат да не постојат некои контраиндикациии со внесот на цимет.

Комбинација на цимет со диети

Многу е побезбедно (и повкусно!) да го вклучите циметот во вашите оброци и диети. Здравата исхрана полна со разновидни билки и зачини има придобивки за нашето здравје и благосостојба, така што вклучувањето цимет во подготовката на оброците е убав начин да се зголемат неговите нутритивни придобивки и секако да се подобри ефектот на диетете за полесно и поефикасно слабеење.