 
                    - Залиха: Во залиха
- Модел: Шампон + капсули
ADVANCED THERAPY ALOE VERA SHAMPOO
For Hair Growth and Repair – 500ml 
Активни
состојки и нивни бенефити: алое вера гел, екстракт од рузмарин, екстракт од
камилица, пантенол (провитамин Б5)
Дејство:
редовната употреба на шампонот ги смирува сите иритации и воспаленија на
скалпот, го штити влакното од сите штетни надворешни фактори (сонце, токсини и
оштетувања од фарби, фенирање и други третмани на коса), го спречува нејзиното
сушење, паѓање, кршење и цепкање на врвовите и ги ревитализира фоликулите на
главата активирајки повторен, забрзан раст на здрава, сјајна и мека коса.
Главни
придобивки и предности од употреба на шампонот:
- Ја смирува иритацијата, чешањето и црвенилото на скалпот (кожата на главата),
     помага во уништување на бактериите и габичките кои предизвикуваат иритации
     и воспаленија на скалпот.
- Го смирува првутот и го балансира скалпот (го намалува мастењето преку контрола на себумот).
- Ја подобрува микроциркулацијата и
     ги активира и ревитализира фоликулите со што го успорува процесот на
     опаѓање на косата и стимулира нејзин раст.
- Го намалува разредувањето на
     косата (преку инхибирање на дихидротестостерон (ДХТ)- хормон поврзан со
     андрогена алопеција (опаѓање на косата кај мажите).
- Ја штити косата од оштетувања предизвикани од надворешни
     фактори (УВ зраци
     од сонце, аеро загадување и др.) – има антиоксидативно дејство и создава заштитна обвивка околу влакното
- Овозможува навлажнување, исхрана и балансирање на скалпот.
- Ја забрзува регенерацијата и помага за раст на косата.
- Ја прави косата полесна за
     расчешлување, помалку заплеткана Ја омекнува косата, ја прави поеластична и го подобрува сјајот.
Примена/ за кого е наменет: кај коса која паѓа, коса која многу споро расте, за сите
типови на коса која е оштетена од преголемо третирање (со фарба и други
третмани за коса), за сува , кршлива и оштетена коса, за лица со иритации,
црвенила и воспаленија на скалпот на главата и сите кои сакаат побрз раст на
косата, сите кои сакаат здрава, сјајна и убава коса. 
Шампонот може
да го користат и женски и машки лица.
ADVANCED THERAPY NUTRITION
For Hair Growth and Repair - 60 capsules, 
Додаток
во исхраната наменет за поддршка на здрав раст и зајакнување на косата. Уникатна,
100% природна формула со хидролизиран колаген која го спречува паѓањето и
кршењето на косата стимулирајки го повторниот раст  на косата и ревитализирање на влакното.
Како помагаат капсулите:
·  Го спречува и намалува паѓањето, кршењето на косата или
појавата на разделени краеви.
·  Спречува појава на сува коса, сува скалп, инфекции или
првут.
·  Го храни и зајакнува влакното, и помага во негова
регенерација (ги штити и зајакнува фоликулите на косата), ја враќа цврстината и
еластичноста на косата.
·  Го стимулира растот на нова коса и ја подобрува густината
на косата.
·  Предности – уникатна формула, дуален систем (заедно со
шампонот) за целосен третман, клинички проверени и докажани состојки.
Препорачан дневeн
внес: 1-2 капсули дневно, со оброк и чаша вода
Поединечно за состојките:
Екстрактот од рузмарин – делува на
подобрување на циркулацијата, и со та на дотокот на кислород и нутриенти во
фоликулата со што се зајакнува квалитетот и се забрзува растот на влакното
Гелот од Алое Вера – делува
антивоспалително и помага за хидрирање на кожата од внатре.
Колагенот – гиобезбедува потребните
аминокиселини за изградба на протеини потребни за косата (кератин) што е клучно
ја нејзината цврстина и еластичност, а помага да се одржи и здравјето,
еластичноста и виталноста и на скалпот.
Витаминот Б5  - ги храни фоликулите, го зајакнува влакното и промовира
раст на косата. И помага на косата да ја задржи влагата, и еластичноста, дава
сјај и спречува прекумерно сушење, кршење, паѓање на косата или цепење на
врвовите. Помага
Витаминот Б7 (биотинот) е неопходен за
непречен раст на косата бидејки е клучен за синтеза на протеини (кератин) што е
потребно за струкура, здравје, еластичност и цврстина на влакното.
Детални придобивки на состојките:
Сок
од Алое Вера (Aloe Barbadensis Leaf Juice)
Алое
вера е едно од најкористените
растенија во природната козметика поради неговите
исклучителни смирувачки, хидратантни и заштитни својства. Сокот добиен од
листовите на алое вера е богат со: Витамини (A, C, E, B-комплекс) – кои имаат
антиоксидативно и заштитно дејство. Минерали
и ензими –  кои го
поддржуваат заздравувањето и обновата на кожата. Аминокиселини и полисахариди – кои  ја подобруваат еластичноста и го спречуваат
дехидрирањето на скалпот.
Во формула за
шампон алое вера сокот има ефект на: 
- Навлажнување и балансирање на скалпот.
- Ублажување на иритацијата, чешањето и
     црвенилото.
- Овозможува
     побрза регенерација и здрав
     раст на косата.
- Делува како природен омекнувач
     и подобрувач на сјајот.
Екстракт
од Рузмарин (Rosmarinus Officinalis Extract)
Рузмаринот
има долга традиција на употреба во препарати за
коса поради неговите стимулативни, антоксидативни,
антимикробни и противвоспалителителни својства.
Има способност
да:
- Ги активира фоликулите на
     косата преку подобрување на микроциркулацијата на кожата на главата.
- Го забавува процесот на опаѓање
     и го поттикнува природниот раст.
- Поседува антиоксидативно
     дејство – ја штити косата од оштетувања предизвикани од слободни радикали
     и надворешни фактори (сонце, загадување).
- Делува против првут и мрсен
     скалп преку балансирање на себумот.
- Може да го
     намали разредувањето на косата преку инхибирање на дихидротестостерон
     (ДХТ)- хормон поврзан со андрогена алопеција 
- Помага во
     намалување на првутот со борба против бактерии и габи
- Го смирува
     иритираниот скалп
- Неговата природна билна арома
     дава чувство на свежина и чистота при секое миење.
Екстракт
од Камилица (Chamomilla Recutita Flower Extract)
Камилицата
е една од најблагите билки,  која е погодна дури и за многу чувствителна
кожа и скалп.
- Богата е со азулен, бисаболол, кои имаат смирувачко,
     антисептичко и антиинфламаторно дејство.
- Флавоноидите
     во составот ги штитат фоликулите од оштетување од УВ-зраци и слободни
     радикали.
- Ја намалува иритацијата, ја
     смирува кожата и го ублажува чешањето.
- Придонесува за природен сјај на косата –
     особено кај светли и руси тонови.
- Ја прави косата поеластична и
     полесна за расчешлување.
Со
редовна употреба, камилицата придонесува за здрава, сјајна и мека коса.
Пантенол
(Провитамин B5)
Пантенолот
е биолошки активна форма на витамин Б5 и е еден од најчесто користените активни
состојки за зајакнување и обновување на косата.
- Продира длабоко во влакното и
     ја подобрува неговата структура одвнатре.
- Ја зголемува хидратацијата и ја
     задржува влагата во влакното и ја прави косата помека и поеластична.
- Ја зголемува силата и
     отпорноста на косата.
- Ја намалува склоноста кон
     кршење и расцветани врвови.
- Ја прави косата полесна за
     расчешлување, помалку заплеткана и со природен сјај.
- Создава
     заштитен филм околу влакното штитејќи го од надворешни агресивнни фактори
Со
своето регенеративно дејство, пантенолот е идеален за сува, оштетена или често
третирана коса.
-420x158.png) 
           
            
            
           
            
            
           
            
            
           
            
            
           
            
            
          -550x800w.png) 
            
            
           
            
            
           
            
            
          