G-2MRMW9SNMS
Мени
Your Cart

100% WHEY Protein, 1500g (2+1) - со вкус на чоколадо

100% WHEY Protein, 1500g (2+1) - со вкус на чоколадо
-33 %
100% WHEY Protein, 1500g (2+1) - со вкус на чоколадо
3,980.00Ден
5,970.00Ден
Без данок: 3,980.00Ден
  • Залиха: Во залиха
  • Модел: 100% WHEY Protein, 1500g (2+1)

100% WHEY PROTEIN е диететски производ од висококвалитетни протеини од сурутка наменет за поддршка  на растот, закрепнување и одржување на мускулите. Го снабдува вашето тело со висококвалитетни протеини за да го поддржи закрепнувањето после тренинг и растот на мускулите. Можете да го земете и како енергичен појадок во движење. Содржи висококвалитетен протеин ( ги содржи сите есенцијални аминокиселини - хистидин, изолеуцин, леуцин, лизин, метионин, фенилаланин, треонин, триптофан и валин). Се приготвува лесно и има одличен кремаст вкус на чоколадо. 

Состојки: Концентрат од протеин од кравја сурутка (од млеко; емулгатор сончогледов лецитин), згуснувач (ксантан гума), ароми (чоколадо, лешник, млеко и ванила), прехранбена боја (на чоколадо), силициум диоксид, засладувач (сукралоза). 

Упатство за употреба: За да приготвите вкусен протеински напиток, измешајте 2 мерици од правот (30 гр.) со 250 мл млеко (препорачливо со 1,5 % масленост) или вода и добро промешајте додека да добиете хомоген напиток.

Пред секоја употреба нежно протресете ја кутијата бидејќи состојките може да се наталожат на дното на кутијата.

Производот користете го во рамките на урамнотежена и разновидна исхрана, како дел од здрав и активен начин на живот.

Политика за колачиња
Нашиот сајт користи колачиња (cookies). Со продолжување на користење на сајтот или кликнување на “Во ред” се согласувате со користењето на колачињата и тоа: неопходни колачиња, претпочитани, статистички, маркетиншки, колачиња за перформанси и функционалност и колачиња од социјални медиуми. Некои од овие колачиња се поставени од надворешни провајдери (трети страни).