
- Залиха: Во залиха
- Модел: CREATINE MONOHYDRATE (со вкус на малина)
ДОДАТОК НА ИСХРАНАТА ВО ПРАВ СО КРЕАТИН КОЈ Е НАМЕНЕТ ЗА
ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СИЛАТА И ПОДДРШКА НА РАСТОТ НА МУСКУЛИТЕ
ü Идеален
за зголемување на мускулната сила и маса.
ü Поддржува
повеќе експлозивност и издржливост.
ü Побрзо
опоравување на мускулите по интензивни тренинзи.
ü Лесно
растворлив и без непријатен вкус.
ü Достапен
во 300 гр практично пакување.
ü Препорачливо
само за лица над 18 години.
Бенефити од употреба
Помага во зголемување на енергијата, силата,
експлозивноста и издржливоста
Креатинот директно ги подобрува залихите на фосвокреатин во
мускулите, кој ја подобрува продукцијата на АТП – енергијата во самите мускулни
клетки. Помага и во зголемување на резервите на гликоген (миоген) во самте
мускули за лесно достапно и брзо ослободување на енергија кога тоа е потребно.
Со тоа креатинот помага во подобрување на мускулната сила, експлозивноста и
брзината на мускулната контракција.
Исто така ја зголемува и издржливоста со што овозможува
кревање на поголеми тежини, продолжување на времетраењето на работа на
мускулите, подобрување на брзината на телото и севкупно остварување на подобри
резултати при тренингот или спортот.
Овозможува зголемување на обемот и волуменот на мускулите
и на мускулната маса
Креатинот овозможува задршка на водата во мускулите, што е
неопходно за нивно подобро функционирање и перформанси, а тоа воедно
придонесува и за директно зголемување на нивниот обем и волумен. Исто така,
креатинот ја стимулира продукцијата на IGF-1 и синтезата на протеини, а ги
намалува нивоата на миостатин со што значително помага во подобрување на растот
на мускулите.
Придонесува за одржување на мозочната функција
Преку зголемување на достапноста на фосватокреатин,
креатинот помага во превенцијата од развој на невролошки болести нивната
контрола (при Паркинсовата болест, Алцхајмерова болест, по прележан мозочен
удар, при епилепсија и др.). Исто така, со зголемување на продукцијата на АТП –
енергијата во мозочните клетки, креатинот придонесува и во подобрување на
меморијата и когнитивните функции.
КАКО ДА СЕ КОРИСТИ
Се препорачува во 200 мл течност (вода или млеко) да се
измеша 3гр КРЕАТИН МОНОХИДРАТ.
Креатин монохидрат најчесто се консумира пред или по
тренинг, но може и во текот на денот за подобри резултати во сила и
опоравување. Секогаш е најдобро да се консултирате со стручно лице пред
употреба.