ELIXY Hyaluronic Acid&Aloe vera Face serum - серум за нега на кожа | NaturaTherapy| Natura Therapy
Your Cart

ELIXY Hyaluronic Acid&Aloe vera Face serum - серум за нега на кожа

ELIXY Hyaluronic Acid&Aloe vera Face serum - серум за нега на кожа
-70 %
ELIXY Hyaluronic Acid&Aloe vera Face serum - серум за нега на кожа
ELIXY Hyaluornic Acid & Aloe Vera серумот за лице претставува уникатна комбинација на Хијалуронска киселина и Алое Вера и е наменет за темелна хидратација, омекнување, пополнување и подмладувањена кожата, како и заштита од иритац..
295.00Ден
990.00Ден
Без данок: 295.00Ден
  • Залиха: Во залиха
  • Модел: ELIXY
Тагови: 2001

ELIXY Hyaluornic Acid & Aloe Vera серумот за лице претставува уникатна комбинација на Хијалуронска киселина и Алое Вера и е наменет за темелна хидратација, омекнување, пополнување и подмладувањена кожата, како и заштита од иритации и воспаленија.

  • Содржи висока концентрација на 2 вида хијалуронска киселина (со мала и голема молекуларна големина, наменет за темелна хидратација на сите слоеви на кожата);
  • Во комбинација со алое вера и пентанол (про-витамин Б5) наменет за заштита, омекнување на кожата и смирување на иритации и црвенила;
  • Ефикасно и длабински ја хидрира сувата, зацрвенета или изгорена кожа.
  • Кожата изгледа исполнето, поцврсто и свежо со измазнети линии и брчки.
  • Помага и во спречување на појавата на акни и други форми на воспаление на кожата.


Дали вашата кожа е безживотна и дехидрирана, склона кон иритации и предвремено старее?

Една од најпопуларните и најефикасните состојки за убавина и нега на кожата во последните години несомнено хијалуронската киселина. Таа игра витална улога во задрчката на вода во кожата што е неопходно за намалувањето на брчките, подобрување на тонот на кожата и постигнување младешки и здрав изглед.

Барате совршен микс за хидрирана, мека и здрава кожа!

Зошто ELIXY Hyaluornic Acid & Aloe Vera е вистинско решение за нега на твојата кожа?

  • Уникатна комбинација на 2 активни состојки кои се клучни за нега, заштита и регенерација на кожата во секој период од животот.
  • Хијалуронската киселина дејствува како природен хидратантен фактор, врзувајки и задржувајки ги молекулите на вода во длабоките слоеви на кожата,со што помага да се врати нејзината еластичност, цврстина и да се измазнат фините линии и брчките. [1-2]
  • Гелот од Алое Вера обезбедува заштита на кожата, има антимикробно и антиинфламаторно дејство, го спречува дехидрирањето на кожата, ја смирува и го враќа нејзиниот сјај. [2-2]


Зошто треба да го користите серумот со Хијалуронска киселина и Алое вера?

  • Серумот за хијалуронска киселина и алое вера е еден од производите што треба да се користат во секојдневната рутина за нега на кожата, особено кај сувата кожа или кожата која почнува да старее, бидејќи обезбедува интензивна и длабинска влажност на кожата.
  • Употребата на 2 вида на хијалуронска киселина е клуч за темелно хидрирање на сите слоеви на кожата (формулацијата содржи хијалуронска киселина со голема молекулска маса која се фокусира на ултра хидратација на површинските делови на кожата, како и хијалуронска киселина со мала молекулска маса чии молекули продираат длабоко во слоевите на кожата и овозможуваат длабинска хидратација.
  • Гелот од Алое Вера има научно докажано антибактериското, антивоспалително и смирувачко дејство со кое помага во заздравување на рани и изгореници, смирување на иритации и воспаленија и избелување на темни дамки на лицето.




Начин на употреба:

Нанесете неколку капки од серумот на чисто лице и нежно втријте го во кожата. За посилен ефект, користете го наутро и навечер како основа пред дневната или ноќната крема. Може да се користи и самостојно.

Безбедност: Не содржи парабени, парфеми, фталати и вештачки бои. Безбеден за сите типови кожа: нормална кожа, сува кожа, мрсна кожа, комбинирана кожа, кожа склона кон акни.

Состојки (INCI): Aqua, Rosa Damascena Flower Water, Glycerin, Phenoxyethanol &, Ethylhexylglycerine, Sodium Hyaluronate, Aloe barbadensis Leaf extract (1:100), Panthenol, Hyaluronic acid, Carbomer, Disodium EDTA, 2-amino-2-methyl-1-propanol.


Сандра, 27 години: Еден од најдобрите серуми со хијалуронска киселина што сум ги користела. Како што е познато, оваа киселина, која е позната по својата карактеристика на задржување на влага, содржи и Алое вера. Го користам наизменично во моите дневни и ноќни рутини, по нанесувањето на серумот го поддржувам со хидратантна крема.

Ана, 36 години: Често читав на интернет за придобивките на Хијалуронската киселина и бев по потрага на некој добар серум за лице со хијалуронска киселина. Колешка од работа ми го препорача серумот на ЕЛИКСИ со хијалуронска киселина и алое вера, бев малку скептична бидејќи имам доста проблематична кожа која лесно се иритира, но решив да го пробам серумот и еве веќе 3 месеци е дел од мојата рутина. Сега имам мека и здрава кожа баш како што сум од секогаш посакувала.

Референци:

  1. Eleni Papakonstantinou, Michael Roth, George Karakiulakis, Hyaluronic acid: A key molecule in skin aging, Dermatoendocrinol, 2012.
  2. Amar Surjushe, Resham Vasani, D G Saple, Aloe Vera: A Short Review, Indian J Dermatol, 2008.
Политика за колачиња
Нашиот сајт користи колачиња (cookies). Со продолжување на користење на сајтот или кликнување на “Во ред” се согласувате со користењето на колачињата и тоа: неопходни колачиња, претпочитани, статистички, маркетиншки, колачиња за перформанси и функционалност и колачиња од социјални медиуми. Некои од овие колачиња се поставени од надворешни провајдери (трети страни).