ELIXY AVOCADO oil - масло за нега на кожа | NaturaTherapy| Natura Therapy
Your Cart

ELIXY AVOCADO oil - масло за нега на кожа

ELIXY AVOCADO oil - масло за нега на кожа
-50 %
ELIXY AVOCADO oil - масло за нега на кожа
ELIXY Avocado oil е масло добиено со механичка екстракција од плодот од авокадо, и е наменето за исхрана, омекнување и ревитализација, дури и на најсувата кожа или коса, правејки ги меки и сјајни. Богато е со витамин Е, омега мас..
375.00Ден
750.00Ден
Без данок: 375.00Ден
  • Залиха: Во залиха
  • Модел: ELIXY

ELIXY Avocado oil е масло добиено со механичка екстракција од плодот од авокадо, и е наменето за исхрана, омекнување и ревитализација, дури и на најсувата кожа или коса, правејки ги меки и сјајни.

  • Богато е со витамин Е, омега масни киселини, олеинска киселина и други микронутриенти потребни за нега, со што обезбедува антиоксидантска заштита, помага во обновување на кожата и ја зголемува нејзината отпорност кон надворешни фактори.
  • Позитивно делува на проблеми на кожата на лицето и скалпот, како првут и егзема.
  • Има антиинфламаторно својства со кои може да го спречи создавањето на акни воспаленија.
  • Помага во ублажување на изгореници од сонце.
  • Навлажнува и храни, и може да помогне во заздравувањето на раните
  • Зошто ELIXY маслото од авокадо треба да биде дел од вашата рутина за нега?

Имате сува и безживотна кожа која лесно се иритира?

За кожата да може да функционира нормално, мора да биде здрава. Сувоста на кожата е еден од најголемите проблем на кожата денес. Штетните надворешни влијанија како ветрот, студот или изложеноста на сонце и топлина, средства за одржување на хигиената и други, доведуваат до сушење на површинскиот слој на кожата. Сувоста на кожата е состојба која се манифестира со лупење, чешање, пукање, како и зголемена видливост на брчките, што создава вознемирувачко чувство и неубав, запуштен изглед на човекот.

Маслото од авокадо е се она што ви е потребно за справување со сува и безживотна кожа!

Зошто ELIXY маслото од авокадо треба да биде дел од вашата рутина за нега?

Маслото од авокадо е вистински пријател за нега на кожата и косата. Олеинската и линолеинската киселина во маслото делуваат како штит на кожата од фактори на животната средина. Ова масло, кое моментално ја навлажнува и екстремно сувата и чувствителна кожа, ја прави кожата да изгледа здрава и ревиталзирана. Дополнително, ова масло привлекува внимание и со својата силна антиоксидантна содржина. Овие состојки помагаат во превенција и корекција на брчките, фините линии и опуштеноста на кожата. Маслото, помага да се зачува влагата во кожата со што овозможува да се намали појавата на брчки и исполнување на фините линии. [1, 2]

Начин на употреба:

  1. Нанесете неколку капки масло на прстите и масирајте го по целата кожа.
  2. Продолжете да масирате додека кожата не го впие маслото.
  3. Можете да го нанесете пред спиење навечер или по будењето наутро.
  4. Користете го редовно за да ги видите позитивните ефекти на маслото од авокадо.

Дополнителни информации!

Безбедност: Не содржи парабени, парфеми, фталати и вештачки бои. Безбеден за сите типови: нормална кожа, сува кожа, мрсна кожа и комбинирана кожа.

Рок на употреба: 2 години

Состав: Масло од авокадо Persea Gratissima (Avocado) Oil.

Тања: Маслото од Авокадо на ЕЛИКСИ го користам буквално низ цело тело, на лицето, рацете, косата... Презадоволна сум од неговиот ефект бидејќи е спас за мојата сува кожа.

Тамара: Маслото од Авокадо на ЕЛИКСИ ми е едно од омилените масла за коса.Го користам како маска пред капење. Добро ја навлажнува косата, а исто така нанесувам мала количина на врвовите после бањање. Косата ми останува влажна долго време.

Референци:

1. Susanne M. Henning, Jeraldine B. Guzman, et al. Avocado Consumption Increased Skin Elasticity and Firmness in Woman – A Pilot Study, J Cosmet Dermatol. 2022.

2. Debra Sullivan, What Are the Benefits od Using Avocado Oil on My Skin, Healthline, 2017

Политика за колачиња
Нашиот сајт користи колачиња (cookies). Со продолжување на користење на сајтот или кликнување на “Во ред” се согласувате со користењето на колачињата и тоа: неопходни колачиња, претпочитани, статистички, маркетиншки, колачиња за перформанси и функционалност и колачиња од социјални медиуми. Некои од овие колачиња се поставени од надворешни провајдери (трети страни).