Брз одговор
- Бисглицинат: најдобар секојдневен избор за повеќето луѓе. Нежен е за стомакот, ретко ја олабавува столицата и лесно оди во вечерна рутина.
- Цитрат: поевтин и добро се впива. Благото дејство на цревата некому му одговара, некому не.
- Магнезиум + Б6: за напнати периоди и замор. Б6 придонесува за нормална психолошка функција и за намалување на заморот.
- Како: секој ден во ист час, до 250 mg магнезиум дневно од сите додатоци заедно.
Луѓето кај нас пребаруваат „magnezium citrat“, „magnezium bisglicinat“, „magnesium glycinate mk“, „magnesium mk“, а прашањето е секогаш исто: кој да го земам, колку и кога. Подолу се студиите за сон, грчеви и стрес, без украси, и колку елементарен магнезиум и колку денари на ден дава секој наш производ.
Ако ве интересира повеќе улогата на магнезиумот во срцето, мускулите и тренингот, тоа го опишавме во текстот Магнезиум за здраво срце и здрави мускули. Тука се фокусираме на изборот.
























