G-2MRMW9SNMS
Мени
Your Cart

Curcumactiv (500ml) - препарат за смирување болки и воспаленија

Curcumactiv (500ml) - препарат за смирување болки и воспаленија
-41 %
Curcumactiv (500ml) - препарат за смирување болки и воспаленија
650.00Ден
1,095.00Ден
Без данок: 650.00Ден
  • Залиха: Во залиха
  • Модел: Curcumactiv

Curcumactiv е додаток на исхраната кој содржи Curcumin C3 Complex® и други растителни екстракти, во комбинација со Bioperine® екстракт од бибер и е неменет за смирување на воспаленија проследени со болки.

  • Содржи Curcumin C3 Complex® и Biоperine® - стандардизирани, патентирани и клинички тестирани состојки;
  • Примената на Biоperine® обезбедува 20 пати поголема апсорпција на kуркуминот, за поголема расположливост и дејство;
  • 4 активни компоненти со анти-инфламаторна намена;
  • Уникатна течна формулација за полесна употреба и поефикасна апсорпција;
  • Научна формулација по препорака на докторите;
  • 100% природен производ;
  • Без шеќер (со стевија), поволен и за лица со дијабетес;
  • Не содржи ГМО, млеко (лактоза), глутен, соја или други познати алергени;
  • Вегански производ;
  • Во пакување од 250 и 500мл (PET амбалажа).
  • Достапен во продажните центри на Natura Therapy и аптеките.
Responsive image

Дали и вас ве мачат:

  • Силни, прободни болки во кичмата, вратот или зглобовите;
  • Вкочанетост и отежнато движење на телото и нозете;
  • Затегање или повторувачка болка при наведнување или нагло движење на вратот;
  • Трнење, губење на чувството на осетливост, или тешкотија при движењето на нозете или рацете?

Сите овие симптоми укажуваат на развојот на спондилоза, артроза, дискус хернија со ишијас и други инфламаторни или дегенеративни состојби, деформитети и оштетувања на рбетниот столб и зглобовите кои го заробуваат телото и го отежнуваат секое движење!

„Скоро една милјарда луѓе ширум светот страдаат од некоја форма на деформитети на дисковите и пршлените на рбетот, притиснати нерви или оштетувања на зглобовите.“ [1]

Ваквите состојби приморуваат на употреба на силни лекови против болка или анти-инфламатори кои при употреба на долг рок може да имаат сериозни несакани ефекти и да предизвикаат оштетување на желудникот, црниот дроб, бубрезите или да ја нарушат функцијата на имунолошкиот систем.

Болката може да се јави кога најмалку очекувате?

Не дозволувајте таа да ве ограничи и да ги спречи вашите активности!

Responsive image

ЗЕМЕТЕ CURCUMACTIV - 100% ПРИРОДЕН ПРЕПАРАТ СО КУРКУМИН КОЈ ИМА ПОТВРДЕНА АПСОРПЦИЈА И ДОКАЖАНО ДЕЈСТВО

без несакани ефекти дури и при продолжена употреба!

Повторно уживајте во убавите прошетки, спортот и рекреацијата, играта со децата или внуците и дружењето со пријателите со помош на CURCUMACTIV!

Зошто CURCUMACTIV?

  • Ефикасно ги смирува воспалението и болката;
  • Максимална апсорпција и расположливост со Curcumin C3 Complex® и Bioperine® (регистрирани, брендирани компоненти од највисок стандард (патенти на Sabinsa Corporation од САД) – 20 пати поголема во однос на стандардниот куркумин; [2]
  • Клинички докажано дејство на куркуминот. [3, 4]
Responsive image

Европската агенција за безбедност на храната EFSA го одобрува тврдењето дека „Куркуминот има анти-инфламаторна активност, ги ослободува болките во зглобовите и мускулите“ (тврдење ID2598)



Предности на CURCUMACTIV

Научно докажаните антиинфламаторни својства на куркуминот создадоа широка понуда на производи на пазарот!

Но, дали сите го даваат посакуваниот ефект?

Стручниот тим на нутриционисти, фармацевти, доктори и технолози во Natura Therapy детално ги анализираше фармакокинетичките својства на куркуминот, достапната пазарна понуда и здравствените потреби на граѓаните и затоа го создадовме CURCUMACTIV, додаток на исхраната:

  • во кој го избравме најмоќниот, стандардизиран C3 Complex®, куркумин со патентирана екстракција и загарантирана потентност од 95% биоактивни куркуминоиди од 3 вида;
  • вго споивме со Bioperin® - исто така стандардизиран, патентиран екстракт од црн бибер кој ја зголемува апсорпцијата на куркуминот 20 пати;
  • внаправивме синергија со уште 3 екстракти (босвелија, рузмарин и коприва) за уште поголемо антиинфламаторно дејство;
  • всоздадовме уникатна течна формула (за подобра апсорпција и полесна примена во споредба со капсулите и таблетите)
Responsive image

Curcumin C3 Complex ® - клинички докажан, патентиран, стандардизиран екстракт од куркума на SABINSA од САД(добиен од коренот на растението Curcuma Longa) со најмалку 95% 3 вида биоактивни куркуминоиди (Curcumin, Demethoxycurcumin (DMC) и Bisdemethoxycurcumin (BDMC)). Високата концентрација, правилната пропорција и застапеноста на куркуминоидите во екстрактот од куркума обезбедуваат силно анти-инфламаторно дејство. Анти-инфламаторното дејство на куркуминот е изразено преку:

- блокирање на ензимите кои го активираат воспалителниот процес и спречување на ослободувањето на молекули кои го оштетуваат ткивото;

- активација на компоненти кои го смируваат воспалението;

- создавање на внатрешни антиоксиданти кои ги штитат клетките од оштетување;.

Куркуминот е способен да ја спречи активацијата на одредени процеси и реакции во телото вклушени во развојот на рак, воспалителни, автоимуни, неуродегенеративни и метаболички заболувања. Исто така, куркуминот го активира тумор-супресорниот ген p53 и други молекуларни сигнални патеки со што покажува терапевски потенцијал во лекување на многу воспалителни нарушувања, рак и невродегенеративни болести. [5]

Екстракт од босвелија – се добива од смола која се собира од кората на растението Boswellia Seratta. Во научната литература има покажано антиинфламаторно дејство и способност за смирување на болките во рбетот и зглобовите со што ја подобрува нивната работа и го олеснува движењето. Конкретно, клинички студии потврдуваат дека босвелијата може да се користи како третман за остео-артритис со анти-воспалително, анти-артритично и аналгетско дејство. [6, 7]

Екстракт од коприва – екстрактот од листовите на копривата (Urtica fissa E. Pritz.) со векови се користел за смирување на воспаленија, а денес своето анти-инфламаторно дејство го има докажано и во многу научни истражувања и клинички студии. [8]

Екстракт од рузмарин – добиен од листовите на рузмаринот (Salvia rosmarinus) овој екстракт поседува силно антиоксидативно и антиинфламаторно дејство со кое се спречува активацијата на ензими кои предизвикуваат воспалителни реакции помагајки да се спречат или смират воспаленијата и оштетувањата на клетките, што е потврдено и во научни истражувања. [9]

Bioperine® –патентиран, стандардизиран екстракт од црн бибер (Piper nigrum), кој докажано ја подобрува апсорпцијата и достапноста на куркуминот за 2000%. [10]

Responsive image

Начин на употреба:

Употреба: 20ml, 1-3 пати на ден, по оброк.

Безбеден е за долгорочна употреба и кај деца над 12 години.

CURCUMACTIV посебно е ефикасен кај дегенеративните промени на коскено-зглобниот систем, со акцент на рбетениот столб и карлицата (спондилоза, ишијас, дископатија, дискусхернија, реума), артрози (при остеоартритис и ревматоиден артритис), оштетување или воспаленија на лигаменти, тетиви и мускули, како и при скршеници и други трауматски повреди.

Позитивни ефекти од употребата на CURCUMACTIV, во смирување на отокот и болката, може да се почувствуваат веќе после вториот ден од употреба, додека досегашните истражувања на задоволството на корисниците покажува дека во рок од 1 недела се јавува значително намалување на болката и смирување на симптомите на воспаление.

Политика за колачиња
Нашиот сајт користи колачиња (cookies). Со продолжување на користење на сајтот или кликнување на “Во ред” се согласувате со користењето на колачињата и тоа: неопходни колачиња, претпочитани, статистички, маркетиншки, колачиња за перформанси и функционалност и колачиња од социјални медиуми. Некои од овие колачиња се поставени од надворешни провајдери (трети страни).