Мени
Your Cart

100% WHEY Protein (1500g) + COLLAGEN PEPTIDES + гратис BCAA

100% WHEY Protein (1500g) + COLLAGEN PEPTIDES + гратис BCAA
-15 %
100% WHEY Protein (1500g) + COLLAGEN PEPTIDES + гратис BCAA
3,280.00Ден
3,870.00Ден
Без данок: 3,280.00Ден
  • Залиха: Во залиха
  • Модел: 100% WHEY Protein (1500g) + COLLAGEN PEPTIDES + BCAA

100% WHEY PROTEIN е диететски производ од висококвалитетни протеини од сурутка наменет за поддршка  на растот, закрепнување и одржување на мускулите. Го снабдува вашето тело со висококвалитетни протеини за да го поддржи закрепнувањето после тренинг и растот на мускулите. Можете да го земете и како енергичен појадок во движење. Содржи висококвалитетен протеин ( ги содржи сите есенцијални аминокиселини - хистидин, изолеуцин, леуцин, лизин, метионин, фенилаланин, треонин, триптофан и валин). Се приготвува лесно и има одличен кремаст вкус на чоколадо. 

Состојки: Концентрат од протеин од кравја сурутка (од млеко; емулгатор сончогледов лецитин), згуснувач (ксантан гума), ароми (чоколадо, лешник, млеко и ванила), прехранбена боја (на чоколадо), силициум диоксид, засладувач (сукралоза). 

Упатство за употреба: За да приготвите вкусен протеински напиток, измешајте 2 мерици од правот (30 гр.) со 250 мл млеко (препорачливо со 1,5 % масленост) или вода и добро промешајте додека да добиете хомоген напиток.

Пред секоја употреба нежно протресете ја кутијата бидејќи состојките може да се наталожат на дното на кутијата.

Производот користете го во рамките на урамнотежена и разновидна исхрана, како дел од здрав и активен начин на живот.


COLLAGEN PEPTIDES e додаток на исхраната во прав со колагенски пептиди и витамин Ц, и наменет за одржување на здравјето на кожата, зглобовите, мускулите и коските. Го содржи колагенот од брендот Пептан, кој е најквалитет колаген во светот, кој е спремен за апсорпција (значи направен како пептиди бидејки така се осигурува апсорпцијата) и кој има сопствени клинички студии кои ја докажуваат неговата ефикасност во телото на човекот!

Начин на примена: Измешајте 10 гр од правот во 250 мл течност (вода или млеко) еднаш на ден.

Состав: Говедски колаген тип 1


BCAA e додаток на исхраната во прав со вкус на јагода, со три есенцијални амино киселини (леуцин изолеуцин и валин) кои придонесуваат за растот, перформансите и опоравување на мускулите по вежбање. Содржи оптимален сооднос на аминокиселините со разгранет ланец (леуцин изолеуцин и валин - 4:1:1). Во единечна доза содржи 9 гр BCAA и додаден витамин Ц, за подготовка на напиток со фантастичен вкус на јагода.

Редовната употреба на BCAA овозможува:

- голема стимулација на синтезата на протеините, потребни за одржување и раст на мускулната маса

- поголема мускулна сила (ги блокира механизмите на активација на невротрансмитери кои придонесуваат за активирање на чувството на замор)

- ограничување на создавањето амонјак (отпаден продукт од метаболизмот на мускулното ткиво, кој е токсичен)

- подобрување на енергијата з авреме на тренингот (преку стимулација на глуконеогенезата и создавање на гликоза потребна за енергија на мускулните клетки)

- подобрена синтеза на глутамин

- превенирање на загубата на мускулна маса и побрзо опоравување од вежбањето

- подобрување на имунолошката функција

Начин на примена:  Измешајте 14гр од правот во 250 мл течност (вода или млеко) еднаш до 3 пати на ден. 

Намена: за сите возрасни лица над 18 години кои се физички активни и имаат потреба од повеќе сила, издржливост и зголемување на мускулната маса.


Политика за колачиња
Нашиот сајт користи колачиња (cookies). Со продолжување на користење на сајтот или кликнување на “Во ред” се согласувате со користењето на колачињата и тоа: неопходни колачиња, претпочитани, статистички, маркетиншки, колачиња за перформанси и функционалност и колачиња од социјални медиуми. Некои од овие колачиња се поставени од надворешни провајдери (трети страни).