G-2MRMW9SNMS
Мени
Your Cart

100% WHEY Protein, 1500g + BCAA + CREATINE MONOHYDRATE + Tribulus Terrestris гратис

100% WHEY Protein, 1500g + BCAA + CREATINE MONOHYDRATE + Tribulus Terrestris гратис
-23 %
100% WHEY Protein, 1500g + BCAA + CREATINE MONOHYDRATE + Tribulus Terrestris гратис
2,580.00Ден
3,365.00Ден
Без данок: 2,580.00Ден
  • Залиха: Во залиха
  • Модел: 100% WHEY Protein, 1500g + BCAA

100% WHEY PROTEIN е диететски производ од висококвалитетни протеини од сурутка наменет за поддршка на растот, закрепнување и одржување на мускулите. Го снабдува вашето тело со висококвалитетни протеини за да го поддржи закрепнувањето после тренинг и растот на мускулите. Можете да го земете и како енергичен појадок во движење. Содржи висококвалитетен протеин ( ги содржи сите есенцијални аминокиселини - хистидин, изолеуцин, леуцин, лизин, метионин, фенилаланин, треонин, триптофан и валин). Се приготвува лесно и има одличен кремаст вкус на чоколадо.


Состојки: Концентрат од протеин од кравја сурутка (од млеко; емулгатор сончогледов лецитин), згуснувач (ксантан гума), ароми (чоколадо, лешник, млеко и ванила), прехранбена боја (на чоколадо), силициум диоксид, засладувач (сукралоза).


Упатство за употреба: За да приготвите вкусен протеински напиток, измешајте 2 мерици од правот (30 гр.) со 250 мл млеко (препорачливо со 1,5 % масленост) или вода и добро промешајте додека да добиете хомоген напиток.


Пред секоја употреба нежно протресете ја кутијата бидејќи состојките може да се наталожат на дното на кутијата.


Производот користете го во рамките на урамнотежена и разновидна исхрана, како дел од здрав и активен начин на живот.


BCAA e додаток на исхраната во прав со вкус на јагода, со три есенцијални амино киселини (леуцин изолеуцин и валин) кои придонесуваат за растот, перформансите и опоравување на мускулите по вежбање. Содржи оптимален сооднос на аминокиселините со разгранет ланец (леуцин изолеуцин и валин - 4:1:1). Во единечна доза содржи 9 гр BCAA и додаден витамин Ц, за подготовка на напиток со фантастичен вкус на јагода.


Редовната употреба на BCAA овозможува:

- голема стимулација на синтезата на протеините, потребни за одржување и раст на мускулната маса

- поголема мускулна сила (ги блокира механизмите на активација на невротрансмитери кои придонесуваат за активирање на чувството на замор)

- ограничување на создавањето амонјак (отпаден продукт од метаболизмот на мускулното ткиво, кој е токсичен)

- подобрување на енергијата з авреме на тренингот (преку стимулација на глуконеогенезата и создавање на гликоза потребна за енергија на мускулните клетки)

- подобрена синтеза на глутамин

- превенирање на загубата на мускулна маса и побрзо опоравување од вежбањето

- подобрување на имунолошката функција


Начин на примена: Измешајте 14гр од правот во 250 мл течност (вода или млеко) еднаш до 3 пати на ден.

Намена: за сите возрасни лица над 18 години кои се физички активни и имаат потреба од повеќе сила, издржливост и зголемување на мускулната маса.


CREATINE MONOHYDRATE e додаток на исхраната во прав со креатин кој е наменет за зголемување на силата и поддршка на растот на мускулите. Во единечна доза содржи 3гр креатин за подготовка на напиток кој може да се користи самостојно или да се комбинира со други додатоци.


Редовната употреба на креатинот овозможува:

- брза обнова на енергијата во клетките, за поголема сила издржливост и раст на мускулите

- создавање на протеини за раст на нови мускулни влакна и зголемување на волуменот на мускулите

- задршка на водата во мускулите што придонесува за поголем обем на мускулите

- поголема експлозивност, брзина, издржливост на мускулите

- го скратува времето потребно за опоравување на мускулите

- подобра когнитивна функција на мозокот, го превенира изумирањето на клетките во мозокот и помага кај Паркинсова болест

- подобра контрола и регулација на шеќерот во крвта

- намалување на заморот на телото


Начин на примена: Измешајте 3гр од правот во 200 мл течност (вода) еднаш на ден.

Намена: за сите возрасни лица над 18 години кои се физички активни и сакаат поголема енергија, сила и раст на мускулите, возрасни лица со потреба од подобра когнитивна функција, лица со Паркинсова болест и др.


ЕКСТРАКТОТ ОД ТРИБУЛУС ТЕРЕСТРИС е додаток на исхраната кој помага во зголемување на издржливоста и енергијата на организмот.

Пакување: 30 капсули, 500 мг, пластична амбалажа.

Дозирање и начин на употреба: 1-2 капсули, еднаш до два пати на ден.

Политика за колачиња
Нашиот сајт користи колачиња (cookies). Со продолжување на користење на сајтот или кликнување на “Во ред” се согласувате со користењето на колачињата и тоа: неопходни колачиња, претпочитани, статистички, маркетиншки, колачиња за перформанси и функционалност и колачиња од социјални медиуми. Некои од овие колачиња се поставени од надворешни провајдери (трети страни).