The Brain Protect 2+1 set is unchanged for effective support for the neurocognitive functions of the brain and memory. The product BRAIN PROTECT conta..
>Prostatol Complex is a dietary supplement with saw palmetto extract, plant extracts and zinc, intended to maintain and improve the health and functio..
Contains Nutrelix® and Curcumin C3 Complex® - standardized, patented and clinically tested ingredients; A unique formulation with a wide spectrum of a..
Diabetol Forte is a special medical preparation with natural ingredients, plant extracts and minerals, intended for dietary regulation of carbohydrate..
Brain Protect is a nutritional supplement containing Bacopin®, Centilin®, Lavja Griva medicinal mushroom extract, plant extracts and B vitamins, combi..
FEM 7 is a nutritional supplement intended for the female population to regulate hormonal imbalances, soothe complaints that occur as a result of dist..
Cholestol Complex е препарат со посебна медицинска намена со растителни екстракти, стероли и витамини, наменет за диетстско регулирање на нивото холестерол и масти во организмот.
Содржи 7 активни компоненти со синергистичко дејство;
Со екстракт од ферментиран црвен ориз (со 3% Монаколин К);
Научна формулација по препорака на докторите;
Едноставна употреба, 1 до 2 капсули на ден;
100% природен производ;
Не содржи ГМО, млеко (лактоза), глутен, соја или други познати алергени;
Во пакување од 30 капсули (PET амбалажа).
Достапен во продажните центри на Natura Therapy и аптеките.
Дали и вие се мачите со покачен холестерол и масти во крвта?
Кардиоваскуларните болести се водечка причина за смртност и во нашата земја, а огромен број граѓани, веќе на возраст над 40 години, се мачат со хронично покачување на холестеролот во крвта! Покачените концентрации на холестерол во крвта овозможуваат создавање на наслаги на ѕидовите на крвните садови – состојба позната како атеросклероза, што ја нарушува циркулацијата на крвта и функцијата на срцевиот мускул и кардиоваскуларниот систем во целина.
„ Кардиоваскуларните болести се причина број еден за смртност во светот, заземајки скоро 1/3 од сите смртни случаи на годишно ниво!“ [1, 2]
„Атеросклерозата (запушување на крвните садови) е основната причина за скоро 50% од сите смртни случаи во развиените земји на запад, на годишно ниво“ [3]
Атеросклерозата, односно запушувањето на крвните садови е најголемата причина за инфаркт на срцето или мозочен удар! Спречете наслагите на холестерол да предизвикаат запушување и оштетување на вашите артерии и заштитете ги крвните садови пред да биде предоцна!
Земете CHOLESTOL COMPLEX за ЕФИКАСНА ПРИРОДНА ПОДДРШКА ЗА ПОДОБРЕНА РЕГУЛАЦИЈА НА ХОЛЕСТЕРОЛОТ!
Зошто CHOLESTOL COMPLEX?
Придонесува за намалување на вкупниот и лошиот LDL холестерол; [3 - 11]
Придонесува за покачување на вредностите на добриот HDL холестерол; [3 - 11]
Помага да се намали оксидацијата на холестеролот; [3 - 5]
Обезбедува антиоксидативна заштита за крвните садови;
100% природен, безбеден и без несакани ефекти и при продолжена употреба.
Предности на CHOLESTOL COMPLEX
Стандардната статинска терапија за намалување на холестеролот, при продолжена употреба може да даде несакани ефекти по здравјето. За таа цел стручниот тим на нутриционисти, фармацевти, доктори и технолози во Natura Therapy темелно ги анализираше научните истражувања за позитивните ефекти на растителните екстракти и други природни состојки во регулација на холестеролот и заштита на крвните садови и го создаде производот CHOLESTOL COMPLEX кој се темели на:
- Научно докажаните својства на Монаколин К, активна состојка екстрахирана од екстракт од ферментиран црвен ориз, која клинички докажано помага во намалување на холестеролот;
- Фитостероли кои ја балансираат продукцијата на холестерол во црниот дроб;
- Комплекс од растителни екстракти кои помагаат во регулација на мастите и имаат антиокидативно дејство и
- Витамин Б3 кој е неопходен за метаболизмот на масти и природната регулација на холестерол во телото.
- Cholestol Complex има едноставна употреба, самостојно или комплементарно на препишаната терапија.
- Ефикасен и безбеден дури и при продолжена употреба.
Екстракт од ферментиран црвен ориз – Екстрактот црвениот ориз (Monascus purpureus Went ) подложен на ферментација создава Монаколинот К состојка која научно докажано ја блокира, односно намалува синтезата на ЛДЛ холестерол во црниот дроб, со што допринесува за помало ослободување, односно намалување на концентрациите на ЛДЛ холестерол во крвта. Тој исто така придонесува за спречување на пероксидацијата на холестеролот и другите масти, со што помага во заштита од нивното напластување на внатрешните ѕидови на крвните садови. [3 - 5]
Фитостероли – фитостеролите се растителни стеролни молекули, слични на молекулата на холестерол кај животните и човекот. Комбинацијата од 77% β-ситостерол, заедно со Kампестерол, Стигмастерол и Брасикастерол придонесуваат да се намали продукцијата на LDL холестерол во црниот дроб, едновремено зголемувајки ги нивоата на добар HDL холестерол. [6]
Екстракт од Грчко семе – екстрактот од семето на билката Trigonella foenum-graecum L, има голема традиција на употреба во народната медицина, каде како билка се употребувала за намалување на мастите и подобрување на функцијата на црниот дроб. Денес и научните истражувања и клинички студии спроведувани на пациенти со покачени нивоа на холестерол и масти покажува дека Грчкото семе помага во намалување на нивоата на LDL холестерол и триглицеридите, а го зголемува HDL холестеролот. [7]
Екстракт од лист од маслинка – маслинката како плод и листовите од дрвото (Canarium album(Lour.)Raeusch) векови се користеле за лекување и одржување на здравјето. Денес, бројни научни студии покажуваат дека маслинката придонесува за одржување на кардиоваскуларното здравје, односно помага во заштита на крвните садови и регулација на нивото на холестерол и масти во крвта. [8]
Екстракт од зелен чај – зелениот чај (Camellia sinensis O.Ktze) изобилува со полифеноли од групата катекини, особено епигалокатекингалат EGCG кои се мочни антиоксиданси и во научната литература се потврдени дека помагаат во заштита на крвните садови од окLDсидативен стрес, помагаат да се спречи оксидацијата и напластувањето на холестеролот, како и подобро да се регулира холестеролот, балансирајки го LDL и HDL холестеролот. [9,10]
Витамин В3 – витаминот B3 (ниацин) учествува во регулација на метаболизмот на масти и земањето на повисоки дози на B3 како додаток на исхраната може д апомогна во намалување на вредностите на холестеролот. [11]
Екстракт од црн бибер – екстрактот од црниот бибер (Piper nigrum L.extract) ја подобрува апсорпцијата на активни состојки во цревата и овозможува нивна поголема биорасположливост во телото.
Соња Тасева: Сакав да пробам нешто на природна база, го земав Холестол Комплекс го пиев редовно и само по 7-8 недели почуствував повеќе енергија и помалку замор. Секако овие ефекти ми се покажаа и со крвните анализи кои што ги повторив и ми покажаа дека холестеролот се намалил од 8,4 на 6,2.
Даниел Поповски: Го пијам веќе 2 месеци по 2 капсули како што ми препорачаа, се чуствувам премногу подобро отколку што ми беше, можам да бидам повеќе физички активен, не почуствувам толкав замор.Тоа што ми беше најбитно е дека е на природна база.
Начин на употреба:
Употреба: 1 до 2 капсули на ден, со оброк.
Безбеден е за долгорочна употреба.
Позитивни ефекти од употребата на CHOLESTOL COMPLEX, во намалување и подобрена регулација на холестеролот може да се видат веќе по 6 до 8 недели употреба.