Ослабете со куркума: Откријте ја моќта на овој зачин

 

Што е курукума?

Куркумата е повеќегодишно тревно растение од семејството на ѓумбир со жолти цветови, големи листови и неправилен меснат корен. Во последните години популарноста на куркумата се повеќе расте, бидејќи нејзините ефекти врз здравјето се докажаа и од научниот свет. Куркуминоидите во екстрактот од оваа билка се носители на многу здравствени проблеми, како ефикасно смирување на воспаленија во телото, заштита за желудникот, цревата, поддршка на црниот дроб и подобрена детоксикација и елиминација на токсини од телото, балансирање на метаболизмот, антидијабетично и антиканцерогено дејство итн.



Куркумата како зачин за слабеење

Од мноштвото здравствени придобивки на коренот на билката, во последните години се почесто се пишува и за улогата на куркумата во процесот на слабеење. Благодарение на се поголемиот публицитет, денес се повеќе луѓе, пред се жени, почнаа да ја вклучуваат и во своите диети и ја употребуваат за слабеење. Но да видиме што навистина вели науката, дали и како таа може да помогне за слабеење, односно да го подобри напорите за намалување и регулирање на тежината?

Забрзување на метаболизмот

Редовниот внес на овој зачин го забрзува метаболизмот! Тоа може да помогне вашето тело да согорува повеќе калории и да изгуби тежина побрзо. Воедно ја подобрува функцијата на црниот дроб, и секрецијата на жолчка, што помага во исфрлање на токсините и вишокот на масти од телото со што се овозможува балансирање и активирање на метаболизмот што е неопходно за слабеење на телото.

Намален апетит

Екстрактот од билката, куркуминот, има својства за потиснување на апетитот. Во една студија, езабележано дека луѓето кои консумираат куркумин се чувствуваат помалку гладни и јаделе помалку храна.

Контролирање на нивото на шеќер во крвта

Во коренот се содржи gingerol, антиоксиданс кој помага во регулирањето на шеќерот во крвта. Кога се консумира редовно, куркумата може да го балансира шеќерот во крвта и особено да им помогне на луѓето кои имаат отпорност на инсулинот за полесно и побрзо слабеење..

Антиоксидантни својства

Благодарение на антиоксидативните својства куркуминот помага да се спречат оштетувањата кои слободните радикали и токсините ги прават на нашите клетки, а со тоа помага да се одржи здрав метаболизам, не само за заштита од развојот на рак туку и за нормална хормонска егулација и функција на тироидната жлезда, што игра улога во контрола на процесот на слабеење и регулација на тежината.

Намалување на воспалителните процеси во цревата

Куркумата успешно ги смирува воспалителните болести на цревата, како што се колитисот, Кроновата болест и сл. Студиите покажуваат дека таа може да биде исто толку ефикасна како и кортикостероидната терапија која често се применува при овие состојби.

Регулирање на нивото на холестерол

Во експериментални студии, објавено е дека редовното користење на коренот од билката како зачин во исхраната помага при регулирање на нивото на холестерол. Со стимулација на секрецијата на жолчка во црниот дроб, таа помага во жолчката да се исфрли и вишокот холестерол кој го создава црниот дроб и на овој начин придонесува и за балансирање на метаболизмот на масти и за слабеење. Ваквото дејство помага и во заштита од кардиоваскуларните болести.

Додавање куркума во вашата исхрана

Откако ги дознавте сите придобивки на овој чудесен зачин, сега сте свесни дека таа треба да биде задолжителен дел од вашите оброци или додаток во вашата исхрана. Таа може да се внесе како чај, супа или наједноставно да се додаде како зачин на салати, смутија или готвени јадења. Колку повеќе ја додавате на храната и оброците толку побрзо и полесно ќе ги почувствувате нејзините ефектите за слабеење на телото.



Рецепти за слабеење со куркума

Јогурт за согорување маснотии

Лесен рецепт кој ве одржува сити помеѓу оброците, го забрзува согорувањето на мастите и го ревитализира метаболизмот!

Состојки:

  • 5 супени лажици јогурт со малку маснотии

  • 1 лажичка куркума во прав

  • 1 лажичка или 1 парче ѓумбир

  • 1 лажичка пиперка

  • 1 лажичка цимет

Начин на подготовка: Додадете ги сувите состојки во полумасен јогурт, измешајте добро и консумирајте го како ужина меѓу оборците или пред тренинг. Редовниот внес на ваква ужинка или вечера ечекор плус кон вашето слабеење.

Чај од куркума со лимон

Вториот од нашите рецепти кој ќе помогне за слабеење, всушност помага за регулирање на работата на дигестивниот систем и ја стимулира детоксикацијата.

Состојки:

  • 1 лажичка куркума во прав (15 g)

  • 1 лажица мед

  • 1 чаша вода (200 мл) и сок од лимон (20 мл) или

  • 1 чаша млеко (200мл) и малку црн бибер.

Начин на подготовка:

Загрејте ја водата или млекото на тивок оган. Потоа додадете го зачинот и измешајте. Намалете ја топлината и варете, мешајќи, 15 минути. Процедете во цедалка и оставете вишокот куркума да се исцеди од смесата. Оставете околу 5 минути малку да се излади. На крајот, додадете една лажица сок од лимон и мед, или мед и црн бибер и имате вкусен и здрав напиток.

Кремаста супа од зеленчук и зачини

Овој рецепт е многу популарен бидејќи е лесен за правење. Исто така е одлична опција за луѓе кои страдаат од хронично воспаление, фибромијалгија, артритис и слични болести.

Состојќи:

  • Корен од ѓумбир (5 g)

  • 2 власец или млад кромид (15 g)

  • Сол (45 g)

  • 2 средни моркови (65 g)

  • Мелена куркума (35 g)

  • ½ чаша обезмастено млеко (75 мл)

  • 1 лажица кокосово масло (50 мл)

  • 4 чаши органски сок од зеленчук (275 g)

Начин на подготовка:

Коренот од ѓумбир изрендајте го. Загрејте ја тавата на тивок оган. Додадете ѓумбир и куркума заедно со обезмастено млеко. Додадете го целиот зеленчук освен морковите и доведете до вриење. Намалете го малку огнот и оставете ги состојките да продолжат да се варат. Кромидот исечкајте го на кришки и измешајте го со останатите состојки. Гответе ги сите состојки 10 минути. Послужете и уживајте. Одлично е да се конзумира и по тренинг за да спречи развој на воспаленија во зглобовите и мускулите во телото, но и како вкусна вечера или ужинка која ќе ги подобри вашите напори за слабеење.

Curcumactiv - додаток на храна со куркумин

Овој зачин несомнено треба да биде застапен во вашата исхрана, но новите научни сознанија покажуваат дека истиот или неговиот екстракт не можеме баш целосно и ефикасно да ја апсорбираме, а со тоа добиваме и помали и ограничени придобивки. Затоа за максимално искористување на наведените здравствени придобивки и подршка за вашето слабеење подобро е да употребувате додаток на исхраната кој има формула за загарантирана апсорпција. Тоа значи да го направите вистинскиот избор и да го земете додатокот Curcumactiv од Натура Терапи. Curcumactiv е 100% природен препарат наменет за диететско регулирање на воспаленија во телото. Уникатна течна формула која содржи Curcumin C3 Complex и Bioperine, два стандардизирани патентирани екстракти кои клинички докажано овозможуваат 20 пати поголема апсорпција на активните состојки од куркуминот и посилно дејство. Збогатен е и со екстракти на босвелија, коприва и рузмарин Curcumactiv e единственото решение за воспаленија и подобрување на метаболизмот и здравјето чии придобивки ќе ги почувствувате по само еден до два дена употреба. Благодарение на сите погоре наведени здравствени придобивки препаратот исто така ќе помогне и за вашето слабеење. Препорачаното дозирање е 2 пати на ден по оброк, но зависно од потребата може да се користи од 1 до 3 пати. Можете да го најдете во продажните места на Натура Терапи или да го нарачате онлајн.