Водич за губење на тежината – пијалоци и додатоци кои го намалуваат апетитот

Огромен број луѓе денес имаат прекумерна тежина која може да доведе до развој на сериозни здравствени проблеми. Желбата за слабеење не секогаш е доволна. Неопходно е да се промени животниот стил, односно да се применува правилен режим на исхрана, пиење вода во голема количина, спорт и редовна физичка активност и да се користат природни додатоци во исхраната. Првото нешто што го прават луѓето кои имаат прекумерна тежина е истражување на нови, ефективни методи за слабеење и пиење на суплементи за побрзо и полесно слабеење.




Зошто е важно да го намалите апетитот?

Големиот, неконтролиран апетит доведува до преголем внес на калории од храната, надминување на метаболните потреби од телото и складирање на вишокот калории и енергија во вид на масти што доведува до дебелина и зголемен ризик од појавата на дијабетес, кардиоваскуларни болести, артритис и други последици по здравјето. Исто така внимавајте на пијалоците! Вие можеби и не внесувате премногу храна, но пиењето на сокови со додаден шеќер додава бројни калории за кои не секогаш сте свесни, а истите може да се клучот за зголемувањето на килограмите.

Што да пиете за да изгубите тежина?

Постојат неколку пијалоци кои практично се дел и од секојдневната исхрана, како и одредени природни средства, состојки за кои денес постои и научен доказ дека

кои го потиснуваат апетитот, даваат чувство на ситост и го забрзуваат метаболизмот и со тоа может ефикасно да ги забрзаат напорите за слабеење. Такви се следните намирници или состојки:

Пијалоци

Нутриционистите се повеќе препорачуваат пијалоци кои ќе ја поддржат вашата исхрана, а со нивното пиење ќе се одржите сити и ќе внесете хранливи материи. Со пиење наследниве пијалоци ќе можете полесно да ја остварите целта за намалувањето на вишокот килограми.

Зелен чај

Зелениот чај е богат со полифеноли, особено ЕГЦГ кој го подобрува балансот на холестеролот и мастите, помага во регулација на крвниот притисок, штити од појавата на атеросклероза и ја стимулира функцијата на црниот дроб за подобрена детоксикација со што дава поддршка и во намалувањето на тежината.




Црно кафе

Црното кафе содржи антиоксиданси и дригу соединенија кои го стимулираат метаболизмот и придонесуваат за здраво слабеење. Со пиење на кафе се внесува кофеин кој ја зголемува енергијата, го потиснува гладот, го стимулира празнењето на цревата и детоксикацијата со пто станува посакуван пијалак на секој режим за регулација на тежината.

Лимонада со јаболков оцет

Јаболковиот оцет помага да се отстрани едемот и токсините насобрани во телото. Вистинско време на козумирање на јаболков оцет е пиење на мала количина (1-2 супени лажици оцет во 1/3 до ½ чаша вода) 15 до 30 минути пред оброк помага за намалување на тежината и слабеење бидејки ја подобрува дигестијата, го стимулира и празнењето на цревата, како и термогенезата и топењето на мастите.


Сокови од зеленчук (смути)

Пиењето сокови од зеленчук или попознати како смути е добар тренд, бидејки со него мѕ помагате на телото да се ослободи од токсините во цревата, да се стимулира детоксикацијата од црниот дроб и да се подобри антиоксидативната заштита на организмот со што помагаат во подобра функција на метаболизмот потребна за полесно слабеење. Тие се многу богат извор на растителни влакна со што придонесуваат во потиснување на гладта.

Протеински шејкови

Протеинските шејкови се користат за зголемување на мускулната структура како додаток во исхраната на оние кои се занимаваат со одреден спорт. Пиењето протеински шејкови после тренинг помагаат за забрзување на метаболизмот, бидејќи е потребна многу енергија за варење и метаболизирање на протеините. Најновите научни истражувања покажуваат дека тие исто така се клучни за активирање на сигналите на ситост во мозокот, а помагаат и да се намалат мастите околу половината. Затоа оптималниот протеински внес не е само важен за одржување и раст на мускулната маса и сите останати метаболни функции на протеините (создавање на ензими, хормони, антитела, обнова на клетките и др. ) туку и за слабеење. Кога не можете да ги внесете со храната и внес на месо, млеко, јајца или риба, можете со пиење на протеински шејк да помогнете да се надополни и внесе потребната количина протеини.

Вода

Едно од најпопуларните прашања во последните години е ,,Дали пиењето вода помага при слабеење?‘‘ Одговорот на ова прашање е несомнено ,,ДА‘‘. Водата помага за чувството на ситост, заедно со растителните влакна ги исполнува цревата и ја помага перисталтиката за побрзно празнење на цревата и намалена апсорпција на калории од храната со што го помага и слабеењето. Затоа, добрата хидратација и редовното пиење вода за време на диетета помага при слабеење.

Природни средства за потиснување на апетитот

Гарсинија Камбоџа

Гарсинија Камбоџа овозможува кубење на тежина без диети и вежбање. Истражувањата покажуваат дека оние на кои им се даваат додатоци на Гарсинија Камбоџа имаат тенденција да јадат помалку. Гарцинија Камбоџа влијае на мастите во крвта и го намалува производството на нови масни киселини.

Коњак глукоманнан

Растението Коњак од далечниот исток содржи растителни влакна глукоманнан кои може да апсорбираат дури 50 пати повеќе течност од сопствената тежина. Ако се внесат во телото, со пиење на вода се создава една желатинозна маса која ги исполнува желудникот и цревата, одржувајки не сити, без потреба од внес на храна и помагајки да се намали дигестијата и апсорпцијата на масти и шеќери. Но внимавајте, за постигнување на вистински ефект внесот на Глукоманан бара пиење на што повеќе вода, бидејки само така се постигнува поголема ситост, помал внес на храна во оброкот и значително намалена апсорпција на шеќери и масти од храната. Со тоа глукомананот помага за ефикасно и безбедно слабеење, што е потврдено и од страна на Европската агенција за безбедност на храната EFSA.



Slim Complex и Slim Fiber со јаболков оцет, цимет и зелено кафе

SLIM COMPLEX и SLIM FIBER е иновативен дуален систем за здраво слабеење и регулација на тежината. SLIM COMPLEX содржи екстакти од јаболков оцет, цимет и зелено кафе, додека SLIM FIBER содржи Глукоманан диететски влакна. Заедно овозможуваат зголемување на чувството на ситост која трае, намалена потреба од внес на храна и глад, стимулација на термогенезата во телото и топењето на масти, намалување на синтезата на масти и депонирањето на масни наслаги и редовно празнење на цревата со што ќе ви обезбедат сигурно слабеење без напор и без гладување.

Корисни совети за тоа како да ги интегрирате пијалоците и суплиментите во вашата исхрана

Поставете си одредени правила и бидете дисциплинирани кон нив. Не се откажувајте додека не ја постигнете посакуваната цел.

1. Внесот на пијалоците кои помагаат за слабеење треба да биде постојан. Употребувајте ги редовно, како дел од вашата секојдневна исхрана и можност за добра хидратација на телото.

2. Суплементите на база на кафе, јаболков оцет, екстракти од цимет и сл треба да ги употребувате пред оброците и внесот на храна, бидејки тие ќе го подготват телото за храната, ќе ја намалат гладта и со тоа ќе внесете помалку храна и калории а со забрзаната дигестија исто така и ќе апсорбирате помалку калории.

3. Суплементите кои содржат кофеин, како зеленото кафе ја зголемуваат енергијата, која треба да ја истрошите. Практикувајте спорт или друга физичка активност со што ќе успеете да намалите уште повеќе килограми.

4. Секако не заборавајте да ја промените и исхраната, внесувајте повеќе овошје и зеленчук со растителни влакна, намалете го внесот на продукти со додадени шеќери, засладени сокови или процесирана храна. Внимавајте на првиот оброк во денот, тој е најважен. Трудете се да биде избалансиран со макронутриенти (протеини, масти и јаглехидрати) или да биде само на база на протеини и растителни влакна.

5. Не ја заборавајте важноста на редовниот сон, добриот одмор и регулацијата на стресот. Кога овие 3 елементи се надвор од баланс секогаш негативно се одразуваат на напорте за намалување на тежината.