
- Stock: In Stock
- Model: DR. SLIM Powder + DR. SLIM Caps
•
Уникатен
дуален систем, сет за регулација на телесната тежина;
•
100% природни и безбедни состојки;
•
Лесна примена
за намалување на тежината без гладување и напор;
•
Не содржат ГМО, млеко (лактоза), глутен, соја или други познати алергени;
•
Економично пакување
и дозирање согласно потребата;
•
Содржи
минимална количина на кофеин и нема несакани ефекти;
•
Достапен во продажните центри
на Natura Therapy и аптеките.
DR. SLIM – 100% ПРИРОДНА ПОДДРШКА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА
ТЕЖИНАТА БЕЗ НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ
БЕНЕФИТИ ОД УПОТРЕБА
· Зголемување на
ситоста и контрола на апетитот – Дуалниот систем, сетот производи DR SLIM, содржи комбинацијата
на протеини и растителни влакна, со што помага да се
чувствувате сити подолго време и обезбедува
контрола на гладта и количината на внесена храна. На тој начин се избегнува прејадувањето и внесувањето на непотребни калории, се стимулира согорувањето и трошењето на масните
наслаги за ефикасно намалување на телесната тежина.
· Забрзување на
метаболизмот – Комбинацијата на природни состојки (екстрактите од зелено кафе, цимет и јаболков
оцет) го стимулира метаболизмот со што се забрзува согорувањето
на мастите, нивната искористеност за
енергетските потреби на телото и се спречува повторното наталожување на мастите, што го го стимулира
процесот на слабеење.
· Подобрување на
варењето и
детоксикација на телото – Растителните влакна
и активните состојки ја поддржуваат функцијата на дигестивниот систем и го стимулираат навременото
празнење на цревата што помага како
во одржување на тежината (бидејки брзиот трансвер на материи низ цревата
спречува апсорпција на дополнителни калории) и поефикасна елиминација на
токсините и отпадните материи од телото.
· Подобрена контрола и намалување на шеќерот и
мастите во крвта – Благодарение на регулацијата односно успорување на
дигестијата Dr. Slim сетот придонесува да се намали и подобро да се
контролира апсорбирањето на мастите и шеќерите (гликозата) од внесената врана.
На тој начин помага во намалување и подобро регулирање на нивоата на масти
(триглицериди) и шеќери (гликоза) во крвотокот.
КАКО СЕ КОРИСТИ
За DR. SLIM правот: Се раствара 9g. (3 дозерки) од Др. СЛИМ во 200
мл. течност (вода или млеко). Да се зема 1-2 пати на ден помеѓу оброци, а најлесно е да се додаде на постоечки
нискокалоричен оброк (супа, чиа пудинг, смуди и сл.).
За DR. SLIM капсулите: Препорачан
дневен внес 2 пати по 3 капсули, 15-20
мин пред оброк!
Напомена: Капсулите се наменети за лица над
15 години. Не се наменети за доилки (пред 6 месеци), трудници, лица со
дијабетес (доколку имаат хипогликемии), лица со колитис или други воспаленија
на цревата, или лица алергични на некоја од состојките.
СОСТОЈКИ
Растителни влакна (Глукоманан, тегавец (псилиум
хаск), овес) – растителните влакна се сложени јаглехидрати кое
нашето тело не може да ги искористи и кои немаат енергетска вредност (0
калории). Во процесот на дигестија растителните влакна (фибер) се врзуваат со
молекулите од водата зголемувајки го сопствениот волумен и тежина и до 50 пати
од сопствената. Создаваат желатинска смеса која ја собира водата и се шири,
давајки чувство на ситост и елиминирајки ја потребата од дополнителен внес на
храна. Воедно овие растителни влакна ја успоруваат функцијата на дигестивните
ензими, што помага да се намали дигестијата и самата апсорпција на калориите, а
од друга страна ја стимулира перисталтиката и движењето на материите низ
цревата, за намалување на можноста за продолжена апсорпција на калории од
храната и навремена елиминација на отпадните материи надвор од телото. Примената
на растителните влакна Глукоманан имаат научно потврдено дејство во намалување
на тежината, прифатено и потврдено од
страна на Европската Агенција за безбедност на храната EFSA.
Протеин од грашок – протеините се основните структурни единици на
човечкиот организам, неопходни за изградба, раст, развој и обнова на сите
клетки во телото. Исто така протеините се важни и за создавање на хормони,
антитела (потребни за имунолошката функција) развој и одржување на мускулната
маса како и одржување на сигнализацијата и балансирање на гладта и ситоста кои
се контролираат од страна на мозокот.
Екстракт од цимет – истражувањата потврдуваат дека има силно
антиоксидативно дејство и способност за регулација на метаболизмот на
јаглехидрати на неколку начини. Го стимулира нивното оптимално искористување и
согорување во телото за енергија, со што спречува тие да се претворат во масти
и да се таложат на телото. Исто така, екстрактот од цимет ја попречува и
успорува дигестијата на сложените јаглехидрати, со што се контролира внесот на
калории и се дава можност телото активно да ги искористи и согори акумулираните
резерви на енергија – мастите.
Екстракт од јаболков оцет – научно докажан со студии дека помага во
активирање на метаболизмот и липолизата (процесот на разградување на мастите) и
намалување на мастите во телото. Воедно јаболковиот оцет ја успорува
апсорпцијата на јаглехидратие, што го намалува внесот на калории од храната.
Дополнително, содржи ензими со кои ја подобрува дигестијата што помага во
навремено движење на материите низ цревата и нивно непречено празнење со што се
елиминираат многу токсини кои влијаат на тежината и се намалува прекумерениот
внес на калории.
Екстракт од зелено кафе – потврдено ја зголемува ситоста, поништувајки го
чувството за глад и потребата од внес на храна. Зеленото кафе ја забрзува и
метаболната рата, со што стимулира поголемо согорување и трошење на шеќерите и
мастите за задоволување на метаболните потреби на телото. Воедно влијае на
работата на ензимите во црниот дроб, намалувајки го ослободувањето на гликоза
во крвотокот која лесно се претвара во масти и складира во телото, со што
помагаат во намалување на мастите и регулација на тежината. Зеленото кафе исто така
ја стимулира детоксикацијата и чистењето на црниот дроб и цревата со што го
олеснува процесот на слабеење, а помага и во одржување на здравјето на колонот
и организмот од оксидативен стрес.
СО DR. SLIM
ДУАЛНИОТ СИСТЕМ СЛАБЕТЕ ЛЕСНО, БЕЗ ФИЗИЧЧКИ НАПОР И ИЗГЛАДНУВАЊЕ
КОГА СЕ КОРИСТИ 1 НЕДЕЛА
Веќе по само 7 дена
редовна употреба на правот и капсулите Dr. Slim се постигнува ефект на забрзување и активирање на метаболизмот и започнува
согорувањето на масните наслаги, што резултира во намалување од 1,5 до 3
килограми телесна тежина. Воедно се забрзува и функцијата на дигестивниот
систем и празнењето на цревата.
КОГА СЕ КОРИСТИ 2 НЕДЕЛИ
Редовната употреба на
производите во период од 14 дена резултира во намалување на телесната тежина до
5 килограмикако и подобрено регулирање на метаболизмот и детоксикацијата на
организмот.
КОГА СЕ КОРИСТИ 1 МЕСЕЦ
Со редовна употреба на
производите во период од 30 дена се овозможува намалување на тежината и до 10
килограми. Исто така, се подобрува регулацијата на шеќерот и мастите во
организмот, и детоксикацијата на телото.
ЧЕСТО
ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
Како делувааt Dr. Slim правот и капсулите заедно?
Мешавината за подготовка
на напиток Dr. Slim го зголемува чувството на ситост, ја контролира гладта и
калорискиот внес, го намалува внесот на шеќери и масти, додека Dr. Slim капсулите го активираат и забрзуваат метаболизмот и го стимулираат согорувањето на мастите. Заедно, тие
го поддржуваат процесот на здраво слабеење и даваат најголем синергистички ефект.
Може ли да ги користам Dr. Slim сетот долгорочно?
Да,
овие додатоци се безбедни за долгорочна употреба бидејќи содржат природни
состојки кои ја поддржуваат општата здравствена состојба и здравото слабеење.
Дали производите од Dr. Slim имаат несакани ефекти?
Овие додатоци се направени од природни
состојки и генерално немаат несакани ефекти. Кај некои лица може да се појави
благо надуеност на почетокот поради зголеменото количество на влакна.
Колку време е потребно да го користам Dr. Slim сетот на
производи за да ослабам?
Ефектите на намалување на
телесната тежина се видливи по само 1 недела употреба. При редовно користење во
период од 2 недели се очекува намалување на тежината од 3 до 5 килограми, или
за употреба од 1 месец може да се постигне и ефект на намалување на повеќе од
10 килограми тежина.