За нас

Natura Therapy

NATURA THERAPY е водечка компанија на пазарот која се занимава со развој, производство и продажба на висококвалитетни, иновативни природни додатоци на исхраната наменети за подобрување и одржување на здравјето на човекот. Силно придонесуваме во развивање на колективната свест и информираност на граѓаните за значењето и потребата од промени во животниот стил и употребата на природни додатоци на исхраната, со цел обезбедување на максимален животен потенцијал за секој поединец.

Компанијата завзема лидерска позиција на домашниот пазар во развојот и понуда на широка палета нови, иновативни додатоци на исхраната, кои ги следат актуелните светски пазарни трендови, современите научни сознанија и здравствените потреби и предизвици на нашите граѓани и луѓето во целина.

Нашата пракса вклучува редовно анализирање на пазарот и потрошувачите, следење и примена на најновите научни откритија во сегментот на медицина на животен стил, нутриционизмот, фитотерапијата и функционалната храна, набавка на специфични суровини со исклучителен квалитет од реномирани добавувачи од земјата и светот, со цел развој на софистицирани формули за производство на додатоци на исхраната кои докажано помагаат во превенцијата и третманот на широк спектар заболувања, односно одржување и подобрување на здравјето на потрошувачите.

Создадовме модерен производен погон, со современа опрема за производство на иновативни додатоци на исхраната во форма на уникатни екстракти, капсули, таблети и функционални напитоци, додека развиените производи се под постојана контрола од страна на релевантните национални институции за стандардизација, безбедност и квалитет.

NATURA THERAPY обединува тим на експерти со повеќегодишно професионално искуство и релевантно образование во технологијата и производството, медицината и нутриционизмот, со докажани менаџери во областа на управувањето, маркетингот и односите со јавноста, здружени и силно посветени на мисијата на компанијата.


Нашиот Тим

Сашко Дрвосански

Нутриционист - Главен менаџер за грижа за корисници, едукација и развој на производи

Марјана Филипов

Менаџер на Call Center, продажба и грижа на корисници

Христина Ангелоска

Менаџер за продажба и работа со надворешни соработници

Миодраг Иваноски

Менаџер за комерцијално работење со аптеки и здравствени установи

Даниел Коневски

Менаџер на ланец на Natura Therapy центри за продажба и советување

Мисија

Нашата мисија е да овозможиме секој поединец, покрај сите фактори од средината, начинот на живот и ограничувањата кои ги носи неговото генетско наследство да го достигне своето најдобро здравје и психофизичка способност.

NATURA THERAPY тоа го овозможува со развој, производство и понуда на најсовремени природни додатоци на исхраната и долгорочни услуги на професионална едукација и советување на клиентите за подобрување на нивното здравје и благосостојба.

Создаваме природни, иновативни додатоци на исхраната, кои ги следат актуелните пазарни трендови и најновите научни сознанија и одговараат на највисоките стандарди за квалитет.

Визија

Да станеме регионален лидер на пазарот во развој и производство на природни иновативни додатоци на исхраната и носител на промената на свеста, информираноста и животните навики на населението. Се стремиме да бидеме силно препознатлив бренд, синоним и прв избор за здравје и поддршка на здравјето со помош на природата, достапни до сите граѓани преку ланец на сопствени центри за продажба и советување на граѓаните ширум државата и регионот.

Наша цел

Здравјето е нашето најголемо богатство, а да го сочуваме денес, навистина ни е потребна голема поддршка! Живееме во време на голема загаденост на животната средина, постојан стрес и лоши животни и прехранбени навики, што директно се одразува на нашето здравје и е главна причина за појавата на многу болести. И покрај континуираниот развој на медицината, појавата и развојот на кардиоваскуларните болести, рак, дијабетес, автоимуни состојби и други хронични заболувања се во постојан пораст и сериозно го нарушуваат квалитетот на животот. Нашата цел е да направиме суштинска промена во свеста и навиките на секој поединец и општеството во целина, пренесувајки ја улогата и значењето на здравата исхрана, здравите животни навики и користењето на природни додатоци на исхраната, да помогнеме во подобра заштита од болестите и достигнување на максимален животен потенцијал за секој поединец.

Искуства на корисници

Стручни соработници

Прим. Др. Снежана Спировска

Специјалист Микробиолог

Др. Анкица Станојковска

Специјалист по семејна медицина

Др. Зоран Михајловски

Специјалист по интерна медицина

Локации на продажни центри

Седиште
  • Ул. БУЛЕВАР “СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ Бр.15/приземје СКОПЈЕ - ЦЕНТАР
Продавници
  • Ул. БУЛЕВАР ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ Бр.27 СКОПЈЕ - ЦЕНТАР ЦЕНТАР
  • Ул. ЏОН КЕНЕДИ Бр.2 СКОПЈЕ - ЧАИР ЧАИР
  • Ул. БУЛЕВАР ЈАНЕ САНДАНСКИ Бр.113/б-лок.3 КП СКОПЈЕ - АЕРОДРОМ АЕРОДРОМ