Течен КУРКУМИН е природен додаток на исхраната со течен куркумин, кој обезбедува 500мг екстракт од куркума, збогатен со екстракт од рузмарин и црн бибер, во уникатната течна формулација за подобрена апсорпција и 10 пати посилно дејство отколку додатоците во форма на прав-сув екстракт.
Редовната употреба на течниот куркумин обезбедува:
• концентрирани биоактивни куркуминоиди, со научно докажано анти-инфламаторно дејство за намалување на воспаленија во организмот, односно намалување на болки и отоци предизвикани од страна на воспаленија, на зглобови, мускули и другите органи во телото;
• екстракт од рузмарин со анти-оксидативно дејство за уште подобра апсорпција и искористеност на куркуминот, заштита на клетките од оксидативен стрес и оштетувања;
• дава 100% природно аналгетско дејство и не содржи кортикостероиди, за безбедна долгорочна употреба.
Препаратот е неменет за смирување и регулација на сите видови воспаленија, отоци и болки во организмот, особено воспаленија на сврзното ткиво, зглобовите или мускулите, за лица со малигни заболувања и воспаленија на сите органи пособно кај лица со воспаленија на цревата, крвните садови и простатата.
Постојат над 10.000 студии кои го потврдуваат широкиот спектар на здравствени ефекти на куркуминот. Куркуминот, со сите истражувања до денес е најсилниот природен анти-инфламаторен елемент кој дури има поефикасно дејство од соодветните лекови. Покрај примарното анти-инфламаторно дејство тој има и силно анти-оксидативно дејство, анти-тумурогено, анти-улцеративно, хепато-протективно, хипо-гликемиски и анти-микробно, анти-вирално и анти-фунгално дејство. Важно е да се истакне дека Течниот Куркумин е одличен природен препарат кој има силно аналгетско дејство и може да се користи долгорочно, без прекин, што е многу подобра варијанта наместо нестероидните анти-инфламатори како ибупрофен, парацетамол, диклофенак, ибупрофен или кортикостероидните препарати, чие дејство на долг рок во многу истражувања е покажано како штетно!
Способноста куркуминот да ги уништи клетките на ракот е научно докажана! Денес постојат над 190 активни клинички студии за докажување на ефикасноста на куркуминот во борбата со многу видови рак. Покрај анти-оксидативното и анти-инфламаторно дејство, уникатноста на куркуминот е во неговата способност да ја регулира експресијата на генот/ензимот p53 со што се овозможува уништување (програмирана смрт - апоптоза) на малигните клетки, а во истражувањата постојат докази и дека куркуминот е способен да го спречи и ширењето на туморот во здравата туморна микрооколина и значително да го подигне антиоксидативниот капацитет на организмот (преку стимулација на антиоксидантот глутатион) за ефикасна неутрализација на слободните радикали и заштита на клетките од нивно оштетување и создавање на малигни клетки.
Генот p53 е познат и како протеин за супресија на туморот и чувар/заштитник на генетскиот материјал на човекот! Неговата мутацијата односно нарушената функција е докажан фактор во развојот на рак на градите, простатата, главата, белите дробови и други форми на рак. Досегашните истражувања потврдуваат дека куркуминот директно влијае на експресијата на генот p53 кој ги регулира гените одговорни за уништување на малигните клетки и сите абнормални и оштетени клетки, заштита од слободните радикали и одржување на матичните клетки, неопходни за регенерација на оштетеното ткиво.
На пазарот се достапни и капсули кои содржат само спакувана куркума, а не концентрираниот екстракт! Самата куркума тешко се искористува од исхраната или обичните додатоци, потребни се масти, висока температура а највеќе екстракти од црн бибер или ѓумбир кои ја потикнуваат апсорпцијата. Нашиот екстракт содржи минимум 95% куркуминоиди (тоа се конкретните полифенолни молекули кои го имаат делотворното дејство – што е знак за додаток на исхраната со најголема концентрација и квалитет) и комбиниран со екстрактот од бибер и рузмарин за подобрена апсорпција и дополнително антиоксидативно дејство.