Снаил Комплекс e додаток на исхраната со екстракт од полжав, екстракти од куркума, босвелија и витамин Ц, наменет за одржување на здравјето на зглобовите и сврзното ткиво. Содржи уникатна формула базирана на единствениот, оригинален Nutrilex протеински комплекс од секрет од полжав (со Алантоин).
Редовната употреба на Снаил Комплекс обезбедува:
• Нутрилекс протеински комплекс од екстракт од полжав, со Алантоин за здрава рскавица, подмачкани и подвижни зглобови;
• куркумин и екстракт од босвелија, со клинички научно докажано анти-инфламаторно дејство за смирување на воспаленијата, што овозможува намалување на отокот и болките;
• витамин Ц кој помага во продукцијата на колаген и е нопходен за обнова и функција на сврзното ткиво во зглобовите.
Препаратот е неменет за сите кои страдаат од артритис (гонартроза, коксартроза и други форми на остеоартритис и ревматоиден артритис), проблеми со лигаменти, тетиви, спортски и други повреди, или дегенеративни промени на зглобовите. Исто така, помага и кај лица со заболувања и повреди на рбетниот столб и карлицата како ишијас, лумбаго, спондилоза и др.
Единственото дејство на препаратот Снаил Комплекс се должи на уникатната патентирана, протеинска формула НУТРИЛЕКС составена од секрет од полжав (молоскум) кој го содржи протеинот Алантоинот, за кој науката потврдува дека го овозможува процесот на регенерација на зглобовите. Истражувањата покажале дека благодарение на овој протеин се обезбедува ефикасен транспорт на нутриенти директно на оштетеното место и миграција на здрави клетки со кои се овозможува обнова на оштетеното ткиво. Дополнително, комбинацијата на екстракти од куркума и темјан (Босвелија) нуди силна анти-инфламаторни заштита, ги смирува воспаленијата во зглобовите, намалувајки ги отокот и болката. Препаратот е збогатен со витамин Ц, неопходен за обнова на сврзното ткиво во организмот.