Алое Вера гелот со екстракт од грозје е додаток на исхраната содржи 99,5% концентриран гел од сертифицирано органско алое од видот Barbadensis Miller збогатен со екстракт од грозје и претставува извор на широк спектар нутриенти, ензими, моќни антиоксиданти (ресвератрол) и други биоактивни молекули со уникатни придобивки.
Редовниот внес на гелот од Алое Вера со екстракт од грозје обезбедува:
• специфични биоактивни состојки кои во научните истражувања имаат потврдено имуно-модулаторно, анти-инфламаторни, анти-микробни и анти-вирални својства;
• ензими кои учествуваат во процесот на дигестија и муколитички полисахариди кои ги обложуваат органите за варење (желудникот и цревата);
• широк спектар минерали, витамини, антиоксиданти (кои доаѓаат од билката алое и од екстрактот од аронија) и други фито елементи кои учествуваат во метаболните процеси на организмот.
Гелот од Алое Вера е наменет за сите лица кои имаат проблеми со функцијата или заболувања на органите од дигестивниот систем (како гастритис, воспаленија на желудникот и цревата, недостаток на ензимска секреција, интолерантост кон храна, опстипација и др.), лица со нарушен имунитет и заболувања на дишните органи (чести бактериски и вирални инфекции на дишните патишта, бронхитис, бронхопневмонии, астма и други заболувања на белите дробови, како и лица со алергии), лица со нарушено здравје и функција на крвните садови, лица со малигни болести и потреба од регулација на целокупниот метаболизам. Може да го користат и деца над 3 годишна возраст.
Гелот од Алое Вера е природен додаток на исхраната добиен од екстракт од листовите на сертифицирано органско Алое Вера (УСДА сертифицирано Алое, од видот Barbadensis Miller) кој содржи. Вековната традиција на користење на билката Алое Вера во одржување на здравјето и лекување на болести денес е признато и од страна на Светската Здравствена Организација. Алоето е редок дар на природата и содржи над 240 нутриенти и биоактивни молекули меѓу кои се вбројуваат 20 различни аминокиселини, витамини (B1, B2, B3, B6, B9, B12, холин, како и антиоксидатите A, C и Е, 20 различни минерали (како Mg, Zn, Fe, Ca, Cu, K, N, Mn, Cr и др), 16 ензими (како амилаза, протеаза, целулаза, липаза, брадикиназа, пероксидаза и др.), муколитички полисахариди и антракинини (антраквинони), фитостероли, сапонини други биоактивни молекули. Екстрактот од грозје е извор на познатиот антиоксидант ресвератрол кој има докажано способност за неутрализација и уништување на слободните радикали кои предизвикуваат оштетување на клетката и молекулата на ДНК.