Екстракт од Комбуха (250ml) (2+1) ГРАТИС

product picture
product picture
1.990 МКД

Пакување: 250мл стаклена амбалажа.
Дозирање и начин на употреба: се зема по 1 кафена до 1 супена лажица (5-7 мл) три пати на ден (на празен стомак, 20-30 минути пред оброк).

Екстрактот од Комбуха е 100% природен додаток на исхраната, добиен со концентрирање на ферментиран чај од комбуха.

Редовниот внес на Екстрактот од комбуха овозможува:

• внес на специфични биоактивни молекули како глуконска/глукуронска киселина кои природно ги создава и црниот дроб, а се важни за детоксикациските процеси во црниот дроб и организмот во целина. Правилната функција на црниот дроб е неопходна за навремено разградување и елиминација на токсините од телото и регулација на метаболизмот на масти;

• внес на ензими кои помагаат во разградување на органски материи во цревата и циркулацијата.

Екстрактот од комбуха е наменет за сите лица кои имаат заболување или намалена функција на црниот дроб односно замастување (стеатоза на црниот дроб), тумор, цироза, состојби на хепатитис А, Б или Ц, покачени нивоа на масти во крвта (триглицериди и холестерол), лица кои имаат потреба од подобрена детоксикација на организмот (при зголемена токсификација на организмот од лекови од храната, хормонска или хемотерапија, пестициди или други индустриски хемикалии), како и кај лица со нарушено здравје и функција на крвните садови.

Прочитај повеќе

Екстрактот на комбуха е 100% природен додаток на исхраната, без додадени вештачки бои, ароми, или други адитиви и конзерванси. Се подготовува од ферментиран чај од комбуха (преку процес на концентрирање и пастеризација на ферментираниот чај се добива екстракт од комбуха) и содржи од 10 до 100 пати поголема концентрација на специфични биоактивни молекули како лимонска, глуконска/глукуронска киселина во споредба со чајот од комбуха!

Глуконската и глукуронската киселина, се продукти на ферментација на гликозата, главни компоненти на екстрактот од комбуха учествуваат во биохемиските реакции на детоксикација во црниот дроб, конкретно во процесот на глукоронизација успешно се врзуваат за токсините во црниот дроб и со тоа го осигуруваат нивното разградување и елиминација надвор од организмот. На тој начин се овозможува ефикасно елиминирање на токсините од лековите, токсините од средината (како пестициди, индустриски хемикалии, тешки метали и други), билирубинот, вишокот на хормони кои треба да се разградат, отпадни продукти на масните киселини и жолчни соли, како и други токсични материи во организмот, а правилната функција на црниот дроб овозможува добра регулација на мастите (како триглицериди и холестерол).


Можеби ќе ви се допадне