Течен КУРКУМИН (500ml) (2+1) ГРАТИС

product picture
product picture
1.990 МКД

Дозирање и начин на употреба: 20мл (1 мерица/капаче), 1 до 2 пати на ден со оброк. Задолжително добро да се промеша пред употреба.

Течен КУРКУМИН е природен додаток на исхраната со течен куркумин, кој обезбедува 500мг екстракт од куркума, збогатен со екстракт од рузмарин и црн бибер, во уникатната течна формулација за подобрена апсорпција и 10 пати посилно дејство отколку додатоците во форма на прав-сув екстракт.

Редовната употреба на течниот куркумин овозможува внесување на:

• куркуминоиди, биоактивни молекули кои во клинички студии и научни истражувања покажуваат анти-инфламаторно дејство за смирување на тегобите на болните и отечени зглобови. Согласно ЕФСА, куркуминот делува анти-инфламаторно и помага во ослободување на болките во зглобовите и мускулите (ЕФСА прифатено тврдење ИД 2598);

• екстракт од рузмарин и екстракт од црн-бибер кои имаат антиоксидативни активности, за уште подобра апсорпција и искористеност на куркуминот, заштита на клетките од оксидативен стрес и оштетувања;

• научна студија спроведена од страна на Институтот по Биологија при ПМФ и компанијата Плант Инженеринг потврди анти-оксидативен капацитет на куркуминот, екстрактите од рузмарин и црн бибер, како и силна анти-инфламаторна активност на куркуминот во производот; (елаборат)

• не содржи кортикостероиди, за 100% природно дејство, безбеден за долгорочна употреба.

Препаратот е нaменет за смирување и регулација на сите видови воспаленија, отоци и болки во организмот, особено воспаленија на сврзното ткиво, зглобовите или мускулите, за лица со малигни заболувања и воспаленија на сите органи пособно кај лица со воспаленија на цревата, крвните садови и простатата.

Прочитај повеќе

Постојат над 10.000 студии кои го потврдуваат широкиот спектар на здравствени ефекти на куркуминот. Куркуминот, со сите истражувања до денес е најсилниот природен анти-инфламаторен елемент кој дури има поефикасно дејство од соодветните лекови. Покрај примарното анти-инфламаторно дејство тој има и силно анти-оксидативно дејство, анти-тумурогено, анти-улцеративно, хепато-протективно, хипо-гликемиски и анти-микробно, анти-вирално и анти-фунгално дејство. Важно е да се истакне дека Течниот Куркумин е одличен природен препарат кој има силно аналгетско и може да се користи долгорочно, без прекин, што е многу подобра варијанта наместо нестероидните анти-инфламатори како ибупрофен, парацетамол, диклофен-ак, ибупрофен или кортикостероидните препарати, чие дејство на долг рок во многу истражувања е покажано како штетно!

Позитивното влијание на куркуминот при малигните состојби е евидентирана во научните истражувања. Денес постојат над 190 активни клинички студии за утврдување на ефикасноста на куркуминот во кај многу видови рак. Покрај анти-оксидативното и анти-инфламаторно дејство, уникатноста на куркуминот е во неговата способност да ја регулира експресијата на генот/ензимот p53 со што се овозможува уништување (програмирана смрт - апоптоза) на малигните клетки, а во истражувањата постојат докази и дека куркуминот е способен да го спречи и ширењето на туморот во здравата туморна микрооколина и значително да го подигне антиоксидативниот капацитет на организмот (преку стимулација на антиоксидантот глутатион) за ефикасна неутрализација на слободните радикали и заштита на клетките од нивно оштетување и создавање на малигни клетки.

Генот p53 е познат и како протеин за супресија на туморот и чувар/заштитник на генетскиот материјал на човекот! Неговата мутацијата односно нарушената функција е докажан фактор во развојот на рак на градите, простатата, главата, белите дробови и други форми на рак. Досегашните истражувања потврдуваат дека куркуминот директно влијае на експресијата на генот p53 кој ги регулира гените одговорни за уништување на малигните клетки и сите абнормални и оштетени клетки, заштита од слободните радикали и одржување на матичните клетки, неопходни за регенерација на оштетеното ткиво.

На пазарот се достапни и капсули кои содржат само спакувана куркума, а не концентрираниот екстракт! Самата куркума тешко се искористува од исхраната или обичните додатоци, потребни се масти, висока температура а највеќе екстракти од црн бибер или ѓумбир кои ја потикнуваат апсорпцијата. Нашиот екстракт содржи минимум 95% куркуминоиди (тоа се конкретните полифенолни молекули кои го имаат делотворното дејство – што е знак за додаток на исхраната со најголема концентрација и квалитет) и комбиниран со екстрактот од бибер и рузмарин за подобрена апсорпција и дополнително антиоксидативно дејство.