СПИРУЛИНА КАПСУЛИ cps 30

product picture
product picture
500 МКД

Пакување: 30 капсули (600mg спирулина во прав), пластично пакување.
Дозирање и начин на употреба: 2 до 4 капсули на ден, (земени 1 до 2 пати) задолжително со оброк;

Спирулина е додаток на исхраната кој содржи 400мг од сино-зелената алга Спирулина (Arthrospira platensis) во прав, како извор на широк спектар нутриенти и специфични елементи кои се неопходни за детоксикација, за крвните клетки и метаболизмот во целина.

Редовната употреба на Спирулина овозможува внесување на:

• јод, магнезиум, железо, калиум и други минерали и елементи во траги кои се важни за продукцијата на хемоглобин и подобрување на квалитетот и функцијата на црвените крвни клетки, продукцијата на тироидни хормони и учествуваат како клучни кофактори во голем број витални метаболни процеси;

• хлорофил, фикоцијанин, супероксид дизмутаза и други антиоксиданти кои се важни за неутрализирање на штетното дејство од страна на слободните радикали (заштита на клетките од оштетувањата од слободните радикали);

• уникатни елементи кои се способни за врзување на токсините во дигестивниот тракт и ја подобруваат елиминацијата на токсини од цревата.

Препаратот е наменет на сите кои сакаат и имаат потреба од подобрена детоксикација на организмот, црниот дроб и цревата, елиминација на кандида и паразити, лица со анемија и потреба од зајакнување на крвта и подобрување на продукцијата на крвни клетки и циркулацијата, за лица со ослабнат имунитет и потреба од подобрена антиоксидативна заштита.

Прочитај повеќе

Спирулината е сино-зелена алга која со векови на далечниот исток се користи во исхраната и медицината за одржување и подобрување на здравјето и при третманот на многу болести. Се нарекува супер храна бидејки има неверојатен нутритивен профил, односно изобилува со широк спекатар многу важни нутриенти. Пред се таа е одличен извор на протеини, содржи добри концентрации на Омега 6 и многу важните Омега 3 масни киселини, одличен извор на Бакар, Железо, Манган, Магнезиум и помали количини Цинк, Калциум, Фосфор и Селен, одличен извор на витамините Б1, Б2, Б3, добар извор на Б5, К и Е а содржи и Б9, Б6, А и Ц. Спирулината исто така содржи исклучително значајни фитонутриенти како бета-каротени, зеаксантин и високи концентрации фикоцијанин, супероксид дизмутаза (многу моќен ензим со антиоксидативно дејство), Гама-Линоленска киселина (есенцијална масна киселина) и сулфолипиди.

Фикоцијанинот е уникатен антиоксидант кој е карактеристичен само за алгите/спирулината (зафаќа околу 16% од вкупната тежина на спирулината) и согласно научните истражувања тој може да игра улога во регенерацијата на матичните клетки, продукцијата на црвени и бели крвни зрнца (еритроцити и леукоцити) во коскената срцевина, а како антиоксидант во човечкиот организам се претвара во фикоцијанорубин и значително помага во превенција од оксидативниот стрес на крвните садови.


Можеби ќе ви се допадне

Natura Threpy лојалти

Како до поени ?

Што повеќе купуваш, повеќе поени добиваш.
Loyalty