G-2MRMW9SNMS
Мени
Your Cart

Brain Protect 30 cps - суплемент за мемориja и концентрациja

Brain Protect 30 cps - суплемент за мемориja и концентрациja
-45 %
Brain Protect 30 cps - суплемент за мемориja и концентрациja

Brain Protect е додаток на исхраната кој содржи Bacopin®, Centilin®, екстракт од медицинска печурка Лавја Грива, растителни екстракти и Б витамини, во комбинација со Bioperine® и е неменет за ефикасна поддршка за неврокогнитивните функции на мозокот и меморијата.

  • Клинички докажана ефикасност
  • 100% природен производ
  • Помага во намалување на акнсиозноста и подобрена регулација на стресот.
  • Го подобрува учењето, фокусот и концентрацијата
  • Придонесува за зајакнување на меморијата
495.00Ден
895.00Ден
Без данок: 495.00Ден
  • Залиха: Во залиха
  • Модел: Brain Protect

Brain Protect е додаток на исхраната кој содржи Bacopin®, Centilin®, екстракт од медицинска печурка Лавја Грива, растителни екстракти и Б витамини, во комбинација со Bioperine® и е неменет за ефикасна поддршка за неврокогнитивните функции на мозокот и меморијата.

  • Содржи Bacopin® и Centellin® - стандардизирани, патентирани и клинички докажани состојки;
  • Со Biоperine® за поголема апсорпција и биорасположливост на активните состојки;
  • Уникатна формулација со 9 активни компоненти со комплементарно и синергистичко дејство;
  • Научна формулација по препорака на докторите;
  • Наменет за сите генерации, возрасни и деца;
  • 100% природен производ;
  • Без шеќер, поволен и за лица со дијабетес;
  • Не содржи ГМО, млеко (лактоза), глутен, соја или други познати алергени;
  • Во пакување од 30 капсули (PET амбалажа);
  • Достапен во продажните центри на Natura Therapy и аптеките.
Responsive image

Дали и вас, се почесто ви се случува да:

  • Не можете да се сетите на имињата на предмети,
  • Не препознавате блиски лица со кои сте во контакт,
  • Имате проблем со извршување на лесни и познати задачи,
  • Оставате предмети на погрешни места,
  • Не можете да пронајдете предмети кои ги употребувате секојдневно,
  • Имате потешкотии со зборувањето (пронаоѓањето на зборови, формирањето реченици и искажувањето на мислите),
  • Имате дезориентираност во времето и просторот и нарушена просторна ориентација при возење и движење,
  • Лошо расудување, и
  • Имате проблеми со апстрактното мислење.

Ваквите симптоми укажуваат на појава и развој на деменција и нарушување на когнитивната функција на мозокот!

„Според податоците на Светската здравствена организација, над 55 милиони лица ширум светот живеат со деменција“ [1]

Илјадници лица и во нашата земја се соочуваат со последиците на деменција, намалена меморија и слаба когнитивна функција на мозокот? Голем процент од нив не се дијагностицирани, а многу од нив и нивните семејства не се ни свесни за оваа состојба.

Но, деменцијата може да биде многу страшна! Потребен е само еден несреќен, кобен миг кој може да предизвика несогледливи последици... да ја оставите вратата отклучена, да заборавите да го исклучите шпоретот, да заборавите да ги испиете лековите невреме...

Затоа, не чекајте да биде предоцна!

Responsive image

ЗЕМЕТЕ BRAIN POTECT- ЕФИКАСНА ПОДДРШКА ЗА НЕВРОКОГНИТИВНИТЕ ФУНКЦИИ НА МОЗОКОТ И МЕМОРИЈАТА, ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

Зошто BRAIN PROTECT?

  • Придонесува за зајакнување на меморијата;
  • Го подобрува учењето, фокусот и концентрацијата;
  • Помага во намалување на акнсиозноста и подобрена регулација на стресот.
  • Широк спектар на дејства и бенефити во само еден производ.
  • Содржи стандардзирани, патентирани состојки Bacopin®, Centellin® и Bioperine®, со клинички докажано дејство. [2-6]

Предности на BRAIN PROTECT?

Стандардната медицина сеуште нема пронајдено официјален лек за деменција! Дoполнително на тоа, на граѓаните им е достапна многу ограничена пазарна понуда базирана на екстракт од гинко билоба за подобрување на циркулацијата и комплекс од B витамини.

Затоа, стручниот тим на нутриционисти, фармацевти, доктори и технолози во Natura Therapy го создаде BRAIN PROTECT, додаток на исхраната:во кој споивме патентирани, стандардизирани екстракти со уникатни механизми на дејство и клинички потврдена ефикасност - Bacopin® и Centellin®; [2-6]додадовме комплекс на растителни екстракти со антиоксидативно дејство и комплекс од Б витамини;заедно со Bioperin® - стандардизиран, патентиран екстракт од црн бибер за подобрена апсорпција на активните состојки;создавајки уникатна формула со синергистичко и сеопфатно дејство за подобрување на меморијата и когнитивните функции на мозокот.

Responsive imageResponsive image

Bacopin ® - Бакопин е стандардизиран, патентиран и клинички тестиран екстракт од билката Бакопа (Bacopa Monieri) кој помага во подобрување на функцијата и преносот на сигналите низ невроните (нервни, мозочни клетки). Кокретно екстрактот од бакопа стимулира создавање на нови гранки на невроните со што се подобрува примањето на електрични импулси, односно сигнали со информации, и овозможува подобрен пристап до мемориските центри, поефикасно поврзување, превземање и обработка на складираните информации, што резултира во подобра меморија, процесирање и учење. [2-5]

Centellin® - е екстракт од билката Centella Asiatica кој во бројни научни истражувања ја потврдил способноста за намалување инфламаторните процеси при дегенеративните болести на мозокот, особено кај Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест. Конкретно, истражувањата потврдуваат дека екстрактот од оваа билка, пред се тритерпените кои ги содржи, ја стимулираат продукцијата на клучните ендогени антиоксиданти, со што ефикасно се спречува штетното дејство на слободните радикали и инфламаторните цитокини кои се ослободуваат при воспаленијата кои ги пратат Алцхајмеровата, Паркинсоновата и другите дегенеративни состојби на мозокот. Исто така, азијатската киселина и азијакосидите во Центилинот го зголемуваат создавањето на протеинот наречен фактор на раст на невроните, со кој се овозможува подобрено поврзување на невроните и подобра когнитивна функција. [6]

Екстракт од Лавовска грива - медицинската печурка Лавовска грива (Lions mane – lat. Hericium erinaceus) претставува природна храна за невроните, поради нејзината способност да го обновува нервниот систем. Таа содржи широк спектар активни состојки (пред се хериценон и еринацин) кои го поттикнуваат растот на протеинот наречен фактор на невронскиот раст (brain derived neurotropic factor) одговорен за создавање на нови синапси-врски помеѓу невроните, што овозможува лекување и одржување на долговечноста на нервните клетки во средишниот и периферниот нервен систем и подобување на мозочните функции. Покрај тоа што ги обновува невроните, активните состојки во лавовската грива поворно ја изградуваат заштитната миелинска обвивка на нервните клетки. Со тоа се подобрува невронската спроводливост за сигналите кои се клучни за комуникацијата помеѓу нервните клетки. [7-8]

Екстракт од нони – Нони е плод на растението Morinda Cetrifolia кое вирее во пределите на Југоисточна Азија и Пацификот, чии состојки ја стимулираат продукцијата на азотен моноксид – примарен вазодилататор кој овозможува ширење на крвите садови со што ја подобрува циркулацијата. Благодарение на ова дејство, екстрактот од Нони помага да се подобри циркулацијата, односно дотокот на кислород и нутриенти до нервните клетки, неопходни за нивна оптимална функција и обнова.

Екстракт од дива боровинка – шумската боровинка (Vaccinium myrtillus) содржи специфични полифеноли од групата на антоцијанини, носители на синовиолитовиот пигмент, кои имаат силно, научно докажано антиоксидантско дејство. Како молекули со многу мала молекуларна тежина, лесно ја поминуваат крвно мозочната бариера и ефикасно го спречуваат оксидативниот стрес во мозокот (оштетувања на мозочните клетки од страна на слободните радикали) со што се одржува добрата мозочна функција. [9]

Начин на употреба:

Употреба: 1-2 капсули на ден, пред или со оброк.

Безбеден е за долгорочна употреба и кај деца над 12 години.

BRAIN PROTECT е ефикасен и се препорачува кај лица со Алцхајмерова болест и други форми на деменција, по прележан мозочен удар, кај деца и возрасни со ADHD синдром и тешкотии во когнитивниот развој и учењето, деца и возрасни со анксиозност и депресија, како и лица со конвулзивни болести (епилепсија и др.).

Позитивни ефекти од употребата на BRAIN PROTECT, може да се почувствуваат веќе по првиот месец на употреба, но согласно постоечките клинички истражувања, најголеми ефекти се постигнуваат по континуирана употреба од барем 3 месеци.

Политика за колачиња
Нашиот сајт користи колачиња (cookies). Со продолжување на користење на сајтот или кликнување на “Во ред” се согласувате со користењето на колачињата и тоа: неопходни колачиња, претпочитани, статистички, маркетиншки, колачиња за перформанси и функционалност и колачиња од социјални медиуми. Некои од овие колачиња се поставени од надворешни провајдери (трети страни).