Мени
Your Cart

Страницата не е пронајдена!

Лековите препишани од страна на лекар, како стандардна медицинска терапија дадена по проценка на лекарот, се неопходни за лекување на инфективни болести или контрола на одредени метаболни и физиолошки состојби во организмот на човекот кои се нарушени. Додатоците на исхраната не се лек, нити замена за лековите! Тие можат да помогнат во снабдување на организмот со витални нутриенти, фитоелементи и други природни компоненти за кои постојат потврдени научни сознанија дека помагаат или дека можат да помогнат во одржување на нормалната физиолошка и метаболна функција на ткивата и органите, со што помагаат за нивна заштита, побрза обнова, како и нормализирање или подобрување на нивната функција.
Не! Додатоците на исхрана не се лекови, нити се замена за лековите! Треба да се продолжи употребата на пропишаната медицинска терапија (лекови), а со нив може да се користат додатоци на исхраната. Прекин на земањето на лековите може да се направи само во консултација со лекарот кој ја препишал терапијата.
Генерално додатоците на исхрана се целосно безбедни за употреба и можат да се користат заедно со стандардна медицинска терапија – лекови, освен во случаи кога на упатството на лекот експлицитно и директно е наведено дека лекот не треба да се зема заедно со специфичните состојки кои ги додржи додатокот на исхрана на Natura Therapy. За поголема сигурност можете дополнително да се консултирате со вашиот лекар или фармацевт.
Не. Додатоците на храна не се лекови и за нив не може да се тврди дека ќе излекуваат болест! Но, благодарение на специфичните нутриенти, фитоелементи и други биоактивни молекули кои ги содржат, додатоците на исхраната на Natura Therapy можат да помогнат во враќањето на нормалната физиолошка и метаболна функција на ткивото или органот кој е оштетен или заболен, можат да помогнат во спречување на неговото оштетување и да обезбедат елементи потребни за негова регенерација и правилна функција.
Производите на Natura Therapy подлежат на контрола и регистрација од страна на недлежните државни институции, пред се Институтот за јавно здравје на РСМ, кој прави контрола и испитувања на исправноста и безбедноста на производите (микробиолошки анализи за присуство на патогени микроорганизми, мувла, резидуи на тешки метали, пестициди и др.). Согласно правените испитување сите производи ги задоволуваат стандардите за безбедност на употреба. Доколку производите се земаат согласно препорачаниот начин на употреба и се чуваат согласно препораката наведена на декларацијата/етикетата тие се целосно безбедни за употреба.
Додатоците на исхрана претставуваат поддршка на редовната исхрана и стандардната медицинска терапија, доколку се зема. Нивната примена е потребна и добредојдена со цел заштита, подобрување и одржување на здравјето и функцијата на дадено ткиво, орган или сегмент од метаболизмот, а потребата за нивна употреба или препорачаното време за употреба зависи од повеќе фактори, меѓу кои и степенот на оштетување и нарушена функција на ткивото или органот, времетраење на болеста, дали станува збор за акутна или хронична состојба, постоење на други коморбидитети и др. Општата препорака е додатоците на исхрана да се употребуваат во период од барем 3 до 6 месеци, или најдобро до значително подобрување, нормализирање и одржување на состојбата. За подетални информации, консултирајте се со нашиот стручен тим на нутриционисти и доктори.
Да. Додатоците на исхрана на Natura Therapy содржат нутринти и елементи кои се потребни за оптимална функција на организмот на човекот или кои помагаат во заштита и при третманот со одредени актутни или хронични состојби, а согласно контролата и препораките од страна на институтот за Фармакологија при Медицинскиот факултет во Скопје, се безбедни и за долгорочна употреба. За подетални информации консултирајте се со нашиот стручен тим на нутриционисти и доктори.
Генерално, сите додатоци на исхрана на Natura Therapy можат да се користат истовремено, односно во зависност од потребата и препораката добиена од страна на компанијата, повеќе производи може да се користат одеднаш.
Додатоците на исхрана се производи безбедни за употреба доколку се употребуваат согласно препорачаната доза наведена на етикетата/декларацијата на производот, или согласно препораката добиена од страна на лекар, или стручниот тим на нутриционисти и доктори од Natura Therapy. Препорачаната дневна доза за употреба не треба да се надминува! Внесот на неконтролирани, прекумерни дози може да има негативни последици по здравјето.
Дел од производите на Natura Therapy се дозволени за употреба и од страна на детската популација. Конкретно гелот од Алое Вера може д аго користат и деца над 3 годишна возраст, дел од производите може да ги користат деца над 12 а некои се наменети за деца над 15 годишна возраст. Точната намена на секој додаток на исхраната на Natura Therapy е наведена на етикетата/декларацијата.
Начинот на чување на секој додаток на исхраната од Natura Therapy а наведен на декларацијата/етикетата на самиот производ. Поради својот природен, специфичен состав, дел од производите налагаат чување во фрижидер, на температура до 6 С, додека генерално сите производи треба да се чуваат на суво, темно и поладно место, подалеку од дофат на деца.
Додатоците на исхрана на Natura Therapy се произведени во нов, модерен погон за производство, сопственост на самата компанија. Производството е под надзор на врвен тим на технолози, а производите ги контролираат релевантните надлежни институции во државата (Институт за јавно здравје на РСМ, Институт за фармакологија, Агенцијата за храна и ветерина и др.)
Освен производот ГАСТРО КОМПЛЕКС, генерално додатоците на исхрана на Natura Therapy не се наменети за употреба во бременост и период на доење. Во такви случаи пред употребата консултирајте се со вашиот лекар или гинеколог.
Доколку сакате, или доколку почувствувате некакви нелагодности, преголема чувствителност или реакција на некој од доатоците на исхрана на Natura Therapy, или сте алергичен на некоја од состојките треба да ја прекинете неговата употреба и можете да се консултирате со лекар или стручниот тим на нутриционисти и доктори на компанијата.
НАТУРА ТЕРАПИ Скопје

Претплатете се

Политика за колачиња
Нашиот сајт користи колачиња (cookies). Со продолжување на користење на сајтот или кликнување на “Во ред” се согласувате со користењето на колачињата и тоа: неопходни колачиња, претпочитани, статистички, маркетиншки, колачиња за перформанси и функционалност и колачиња од социјални медиуми. Некои од овие колачиња се поставени од надворешни провајдери (трети страни).