ПОБЕДЕТЕ ГИ БОЛЕСТИТЕ СО ОВИЕ АНТИМИКРОБНИ И АНТИВИРАЛНИ ЛЕКОВИ ОД ПРИРОДАТА!

ПОБЕДЕТЕ ГИ БОЛЕСТИТЕ СО ОВИЕ АНТИМИКРОБНИ И АНТИВИРАЛНИ ЛЕКОВИ ОД ПРИРОДАТА!

Кои се најдобрите билни препарати со научно докажано кои можат да ве заштитат од вирусите и бактериите?
Покрај одредени состојки од храната, пчелините продукти, зачините и зачинските билки кои помагаат во борбата со инфекциите и болестите, постојат неколку билки и билни екстракти кои се истражувани применети како додатоци на исхраната

Оригано – иако ориганото може и треба уште повече да го користиме и како вкусен Медитерански зачин кој претставува и силен антиоксидант, екстрактот или маслото од диво оригано покажува многу силни медицински својства. Маслото од диво оригано содржи карвакрол и тимол кои имаат силни и многукратко докажани антимикробни така и антивирални својства. Докажано е дека ефектите од третманот со масло од диво оригано се ефикасни барем колку стандардните антибиотици, а ефикасно, во краток рок, успева и да го инхибира дејството и размножувањето и на многу вируси.

Плод од бозел (Elderberry) – иако кај нас цветот од бозел традиционално се користи за приготвување на чај и сок, плодот, црната бобинка е всушност вистински извор на состојки кои имаат докажано анти-вирални и анти-туморогени својства. Постојат повеќе публикувани докази дека плодот од бозел може да с еупотребува како природен анти-вирален препарат кој делува и на вируси на инфлуенца (грип) од типот А и од типот Б. Само внимателно, плодот не треба да се конзумира свеж, бидејки содржи и токсични фитохемикалии, туку само процесиран со ферментација, термичка обработка или како готов додаток на исхраната.

Црно семе - познат еликсир кој со векови се применува за подобрување на имунитетот и здравјето на Блискиот Исток. Денес научни студии го потврдуваат неговото имуно-модулаторно, анти-инфламаторно, анти-микробно и анти-вирално дејство и покажуваат дека црното семе и неговото масло помага во третманот на бактериски и вирусни инфекции, во намалување на бронхијалните опструкции и подобрување на дишењето и функцијата на белите дробови.

Ехинацеа – во Кинеската традиционална медицина, а денес и докажано од страна на современите истражувања Ехинацеата поседува силни антивирални својства, потврдени кај вирусите на инфлуенца-грип и помага во борбата со многу инфекции. Благодарение на фитохемикалијата ехинацин докажано ја помага продукцијата на макрофаги и го намалува активирањето и на вирусите и бактериите (спречува вирусот да навлезе во здравите клетки) со што ја намалува можноста од заболување. Можете да го користите како чај или како додаток на исхраната во вид на капсули и капки.

Екстракт од лист од маслинка – состојките во екстрактот од лист од маслинка (не маслиновото масло) има докажани антивирални својства, испитувани и потврдени дека уништуваат и спречуваат размножување и инфекција кај широк спектар вируси, вклучувајки и вируси кои предизвикуваат грип, бронхопневмонија и туберкулоза.
Корен од астрагалус, Корејски црвен женшен и други адаптогени билки – адаптогените билки традиционално со векови се користела во борбата со вирусите. Ја стимулира продукцијата на природни клетки убијци и докажано помага во намалување на тежината на компликациите при одредени вирусни инфекции.

Мачја канџа (Cat’s Claw) – и оваа билка има широк спектар својства кои го помагаат имунитетот на човекот, како анти-инфламаторно, антибактериско, антифунгално и анти-вирално дејство. Може да е употребува како чај или додаток на исхраната.
Корен од ликорица (Liquorice root) – и оваа билка поседува научно докажани и публикувани анти-вирални својства кои помагаат во борбата со вирусите, во подобрување на функцијата на органите за дишење и полесно искашлување на секрет.

Алое Вера - докажано е дека благодарение на уникатниот состав на ензими и муколитички полисахариди гелот од алое вера дејствува имуно-модулаторно и анти-инфламаторно, со што може да помогне да се намали воспалението во дишните патишта и белите дробови, да ја олесни нивната работа и искашлувањето на секрет со што се превенираат компликации од инфекциите со бактерии и вируси.
Покрај горенаведените билни екстракти еден од најзначајните имуномодулатори потребни за правилна имуна функција се пептидо-гликаните, пред се бета глуканот, специфична јаглехидратна молекули која се наоѓа во составот на алгите, овесот, јачменот, а најмногу во медицинските печурки (Реиши и други). Бета Гликанот има изразено силни и многукратно докажани имуно-модулаторни својства, помага во правилна регулација на продукцијата на сигнални молекули и имуни клетки и во намалување на инфламаторните реакции предизвикани при инфекциите со бактерии и вируси. Најдобар и препорачан начин на употреба на погоренаведените елементи е во вид на додатоци на исхраната (капсули кои го содржат екстрактот, тинктури и масла).
ПОБЕДЕТЕ ГИ БОЛЕСТИТЕ СО ОВИЕ АНТИ-МИКРОБНИ И АНТИ-ВИРАЛНИ ЛЕКОВИ ОД ПРИРОДАТА! т за грижа на корисници на 070 230 720.