ДОБРИОТ ИМУНИТЕТ ЗНАЧИ ПРАВИЛНА ИМУНА РЕГУЛАЦИЈА!

Кои се најважните имуномодулатори витални за правилна имуна функција?
Имуниот систем е многу комплексен. Тој има широк спектар механизми со кои се бори со елементите кои го предизвикуваат. Добриот имун систем значи умешност на имуниот систем да одржува многу деликатен баланс на низа процеси со кои на најкраток, најлесен и најефикасен начин, со најмалку ресурси успешно ќе се справи со предизвикувачот, вирус, бактерија, токсин и др. Затоа што многу силниот, високореактивен систем значи и голема склоност кон алергии, развој на астма или автоимуни состојби и тн.
Правилната имуна функција се создава и развива уште од најмалите години. Раѓањето по природен пат, доењето, правилното воведување на храната како и редовната постепена изложеност на антигените (специфични протеински молекули) кои ги означуваат и специфицираат продуктите од храната, растенијата, животните и генерално материите од средината влијаат за развој на добар и функционален имун систем. Но постојат, таканаречени имуно-модулатори кои помагаат во одржување на
добра, правилна имуна функција во текот на целиот живот.
Примарни имуно-модулатори со кои можеме секогаш д аго подобриме нашиот имунитет се витаминот Д, омега 3 масните киселини и пробиотиците! Истражувањата покажуваат дека витаминот Д овозможува подобра функција на Т-регулаторните лимфоцити, кои се наоѓаат во мукозната и субмукознотата лимфна циркулација и лимфните јазли долж
цревата и претставуваат прва линија на борба со патогените микроорганизми внесени преку устата. Научни студии, исто така, имаат покажано дека како витаминот Д така и ЕПА и ДХА омега 3 масните киселини ја стимулираат продукцијата на Б-лимфоцитите – клетки на имуниот систем способни да ги напаѓаат и уништуваат вирусите и да
создаваат антитела. Дополнително ЕПА И ДХА масните киселини имаат и моќно антивоспалително дејство и значително го намалуваат инфламаторниот одговор што имуниот систем го активира при борба со инфекти. Тоа значи намалување на симптомите на воспаление како црвенило, појава на болка, оток и треска. Важно имуно- модулаторно дејство имаат и пробиотиците (корисните бактериски култури во дебелото
црево) кои имаат активна комуникација со клетките од имуниот систем и помагаат во развој на толеранција и правилен имун одговор. Затоа, сакогаш кога сакаме да го подобриме имунитетот прво треба да помислиме на витаминот Д (и како можеме да ги оптимизираме неговите нивоа, од сонцето или со суплементација), на ЕПА И ДХА Омега 3 масните киселини (кои најдобро ги внесуваме од алгите, масната морска риба и морски плодови како ракчиња и други, или квалитетни суплементи со рибино масло) и секако пробиотиците (кои ги обезбедуваме од природно ферментираната храна, ферментиран зеленчук (зелка и др.), млечен или воден кефир, чај од комбуха и други, како и преку внес напробиотски додатоци на исхраната со широк спектар на бактериски култури од групите на Лактобацили и Бифидобактерии.