Natura Therapy

NATURA THERAPY е водечка компанија на пазарот која се занимава со развој, производство и продажба на висококвалитетни, иновативни природни додатоци на исхраната наменети за подобрување и одржување на здравјето на човекот. Силно придонесуваме во развивање на колективната свест и информираност на граѓаните за значењето и потребата од промени во животниот стил и употребата на природни додатоци на исхраната, со цел обезбедување на максимален животен потенцијал за секој поединец.

Компанијата завзема лидерска позиција на домашниот пазар во развојот и понуда на широка палета нови, иновативни додатоци на исхраната, кои ги следат актуелните светски пазарни трендови, современите научни сознанија и здравствените потреби и предизвици на нашите граѓани и луѓето во целина.

Нашата пракса вклучува редовно анализирање на пазарот и потрошувачите, следење и примена на најновите научни откритија во сегментот на медицина на животен стил, нутриционизмот, фитотерапијата и функционалната храна, набавка на специфични суровини со исклучителен квалитет од реномирани добавувачи од земјата и светот, со цел развој на софистицирани формули за производство на додатоци на исхраната кои докажано помагаат во превенцијата и третманот на широк спектар заболувања, односно одржување и подобрување на здравјето на потрошувачите.

Создадовме модерен производен погон, со современа опрема за производство на иновативни додатоци на исхраната во форма на уникатни екстракти, капсули, таблети и функционални напитоци, додека развиените производи се под постојана контрола од страна на релевантните национални институции за стандардизација, безбедност и квалитет.

NATURA THERAPY обединува тим на експерти со повеќегодишно професионално искуство и релевантно образование во технологијата и производството, медицината и нутриционизмот, со докажани менаџери во областа на управувањето, маркетингот и односите со јавноста, здружени и силно посветени на мисијата на компанијата.

Нашиот тим

Сашко Дрвошански

Нутриционист

Прим. Др. Снежана Спировска

Специјалист Микробиолог

Др. Анкица Станојковска

Специјалист по семејна медицина

Др. Зоран Михајловски

Специјалист по интерна медицина

Марјана Филипов

Главен координатор на КОЛЦЕНТАР

Христина Ангелкоска

ТИМ ЛИДЕР

Искуства на корисници

Многу нешта не се купуваат, една од нив е довербата, а довербата се стекнува со резултати. Јас премногу сум задоволна од вашите производи, од вашата екипа, посебно од вашиот продажен менаџер Валентина и од вашиот нутриционист Дрвошански и на двајцата едно големо благодарам. Слободно можам да кажам благодарение на нив сеуште сум добра и многу верувам дека ќе бидам уште подобра.

Шефије Селмани

Задоволен корисник

Со стареењето имам многу проблеми здравстени, оваа компанија успеа да ми ги детектира сите проблеми и да ми помогне да ми поминат сите болки кои ги имав.
Презадоволна сум и потпрана сум на нив и им го доверив моето . навистина го ценам тоа што се грижат цело време и ми се јавуааат да ме прашаат и како ми делува производот и дали дополнително можат да направат нешто за мене.
Топло ги препорачувам на сите кои имаат здравствен проблем да се јават.

Станка Куц

Задоволен корисник

Јас зедов и втора пратка од 3 литри Алое Вера гел, првата пратка беше со ресвератрол, бев задоволна па затоа зедов и втора пратка. Втората пратка е Алое Вера гел со аронија и оваа комбинација ми се допадна и го пијам гелот редовно.

Маре Настева

Задоволен корисник

Јас, Зора Миленкоска, пензионерка од свои 66 години сум среќна и горда што денес сум добра, здрава и жива. Потенцирав за мојата гордост затоа што пред еден извесен период бев многу болна. Одев на испитувања, снимања и разни прегледи, ама за жал никој ништо не ми се нафати да ме лечи а не пак да ме излечи. Слушнав за производите на Натура Терапи и одма решив да се јавам и да почнам да ги употребувам. Како прво, за моја среќа го добив нутриционистот Сашко Дрвошански кој со многу убаво, стручно и компетентно ми ги објасни сите препарати, кои се направени на природна база. Јас ги добив потребните препарати и еве за кратко време од околу 6 месеци сум многу подобра, дури можам да се пофалам дека сум здрава, среќна витална и благодарна на целиот тим кој работи со нас клиентите. Навистина, ве уверувам сите оние кои имаат разни болести и имаат потреба да се лечат со многу медикаменти нека се потрудат да ги дознаат овие производи и оваа фирма. Јас сум многу благодарна заедно со мојот сопруг за ова вистинско лекување и помагање, за нашите болести, души и срца. Ви благодарам! И би сакала секогаш да бидам во контакт за совет и разговор со вас.

Зора Миленкоска

Задоволен корисник

Скоро половина година ги користам производите на Натура Терапи за подобрување на мојата здравствена состојба. Благодарение на гелот од Алое Вера сега се чувствувам многу подобро, со посилен имунитет и имам повеќе енергија, додека универзалниот мелем многу ми помогна за надминување на проблемите со кожата. Искрено сум благодарна и топло ги препорачувам производите на Натура Терапи.

Борка Митревска

Задоволен корисник

Имав проблеми со ослабнат имунитет поради што решив да ги набавам производите од Натура Терапи. После неколку месеци употреба на гелот од Алое Вера и Реиши Имуно Протект препаратите јас сум презадоволна, чувствувам дека сум поотпорна, а имунитетот и целокупното здравје ми се подобри. Ќе продолжам да ги користам и понатаму да го одржувам моето здравје на природен начин.

Лила Мамудовска

Задоволен корисник

Често поставувани прашања

Лековите препишани од страна на лекар, како стандардна медицинска терапија дадена по проценка на лекарот, се неопходни за лекување на инфективни болести или контрола на одредени метаболни и физиолошки состојби во организмот на човекот кои се нарушени. Додатоците на исхраната не се лек, нити замена за лековите! Тие можат да помогнат во снабдување на организмот со витални нутриенти, фитоелементи и други природни компоненти за кои постојат потврдени научни сознанија дека помагаат или дека можат да помогнат во одржување на нормалната физиолошка и метаболна функција на ткивата и органите, со што помагаат за нивна заштита, побрза обнова, како и нормализирање или подобрување на нивната функција.
Не! Додатоците на исхрана не се лекови, нити се замена за лековите! Треба да се продолжи употребата на пропишаната медицинска терапија (лекови), а со нив може да се користат додатоци на исхраната. Прекин на земањето на лековите може да се направи само во консултација со лекарот кој ја препишал терапијата.
Генерално додатоците на исхрана се целосно безбедни за употреба и можат да се користат заедно со стандардна медицинска терапија – лекови, освен во случаи кога на упатството на лекот експлицитно и директно е наведено дека лекот не треба да се зема заедно со специфичните состојки кои ги додржи додатокот на исхрана на Natura Therapy. За поголема сигурност можете дополнително да се консултирате со вашиот лекар или фармацевт.
Не. Додатоците на храна не се лекови и за нив не може да се тврди дека ќе излекуваат болест! Но, благодарение на специфичните нутриенти, фитоелементи и други биоактивни молекули кои ги содржат, додатоците на исхраната на Natura Therapy можат да помогнат во враќањето на нормалната физиолошка и метаболна функција на ткивото или органот кој е оштетен или заболен, можат да помогнат во спречување на неговото оштетување и да обезбедат елементи потребни за негова регенерација и правилна функција.
Производите на Natura Therapy подлежат на контрола и регистрација од страна на недлежните државни институции, пред се Институтот за јавно здравје на РСМ, кој прави контрола и испитувања на исправноста и безбедноста на производите (микробиолошки анализи за присуство на патогени микроорганизми, мувла, резидуи на тешки метали, пестициди и др.). Согласно правените испитување сите производи ги задоволуваат стандардите за безбедност на употреба. Доколку производите се земаат согласно препорачаниот начин на употреба и се чуваат согласно препораката наведена на декларацијата/етикетата тие се целосно безбедни за употреба.
Додатоците на исхрана претставуваат поддршка на редовната исхрана и стандардната медицинска терапија, доколку се зема. Нивната примена е потребна и добредојдена со цел заштита, подобрување и одржување на здравјето и функцијата на дадено ткиво, орган или сегмент од метаболизмот, а потребата за нивна употреба или препорачаното време за употреба зависи од повеќе фактори, меѓу кои и степенот на оштетување и нарушена функција на ткивото или органот, времетраење на болеста, дали станува збор за акутна или хронична состојба, постоење на други коморбидитети и др. Општата препорака е додатоците на исхрана да се употребуваат во период од барем 3 до 6 месеци, или најдобро до значително подобрување, нормализирање и одржување на состојбата. За подетални информации, консултирајте се со нашиот стручен тим на нутриционисти и доктори.
Да. Додатоците на исхрана на Natura Therapy содржат нутринти и елементи кои се потребни за оптимална функција на организмот на човекот или кои помагаат во заштита и при третманот со одредени актутни или хронични состојби, а согласно контролата и препораките од страна на институтот за Фармакологија при Медицинскиот факултет во Скопје, се безбедни и за долгорочна употреба. За подетални информации консултирајте се со нашиот стручен тим на нутриционисти и доктори.
Генерално, сите додатоци на исхрана на Natura Therapy можат да се користат истовремено, односно во зависност од потребата и препораката добиена од страна на компанијата, повеќе производи може да се користат одеднаш.
Додатоците на исхрана се производи безбедни за употреба доколку се употребуваат согласно препорачаната доза наведена на етикетата/декларацијата на производот, или согласно препораката добиена од страна на лекар, или стручниот тим на нутриционисти и доктори од Natura Therapy. Препорачаната дневна доза за употреба не треба да се надминува! Внесот на неконтролирани, прекумерни дози може да има негативни последици по здравјето.
Дел од производите на Natura Therapy се дозволени за употреба и од страна на детската популација. Конкретно гелот од Алое Вера може д аго користат и деца над 3 годишна возраст, дел од производите може да ги користат деца над 12 а некои се наменети за деца над 15 годишна возраст. Точната намена на секој додаток на исхраната на Natura Therapy е наведена на етикетата/декларацијата.
Начинот на чување на секој додаток на исхраната од Natura Therapy а наведен на декларацијата/етикетата на самиот производ. Поради својот природен, специфичен состав, дел од производите налагаат чување во фрижидер, на температура до 6 С, додека генерално сите производи треба да се чуваат на суво, темно и поладно место, подалеку од дофат на деца.
Доколку заборавите да земете од додатокот на исхрана од Natura Therapy можете да ја надополните пропуштената доза, или да сочекате до земањето на следна, единечна доза. Генерално нема никаков негативен ефект доколку пропуштите да земете од додатокот на исхрана.
Начинот на користење на додатоците на исхрана на Natura Therapy е точно наведен на декларацијата/етикетата на производот. Придржувањето до препорачаниот начин на употреба ќе овозможи најдобра дигестија, апсорпција и искористување на состојките во производот, што овозможува и најдобар ефект.
Доколку сакате, или доколку почувствувате некакви нелагодности, преголема чувствителност или реакција на некој од доатоците на исхрана на Natura Therapy, или сте алергичен на некоја од состојките треба да ја прекинете неговата употреба и можете да се консултирате со лекар или стручниот тим на нутриционисти и доктори на компанијата.
Освен производот ГАСТРО КОМПЛЕКС, генерално додатоците на исхрана на Natura Therapy не се наменети за употреба во бременост и период на доење. Во такви случаи пред употребата консултирајте се со вашиот лекар или гинеколог.
Додатоците на исхрана на Natura Therapy се произведени во нов, модерен погон за производство, сопственост на самата компанија. Производството е под надзор на врвен тим на технолози, а производите ги контролираат релевантните надлежни институции во државата (Институт за јавно здравје на РСМ, Институт за фармакологија, Агенцијата за храна и ветерина и др.)